Општа и компаративна книжевност
 
HomeHome  PortalPortal  CalendarCalendar  FAQFAQ  SearchSearch  MemberlistMemberlist  UsergroupsUsergroups  RegisterRegister  Log in  

Share | 
 

 Poetika na usmenata knizevnost - 10.11.2008

Go down 
AuthorMessage
Viktor Jovanoski



Number of posts : 319
Registration date : 2008-04-07

PostSubject: Poetika na usmenata knizevnost - 10.11.2008   Mon Nov 10, 2008 10:40 pm

Поради слабата посетеност на погоре спомнатиот час, а и поради важноста на неколкуте нешта кои ги кажа професорката, ќе се обидам накратко да изложам - во неколку потточки - најважното што се случуваше на Поетика на усмената книжевност:

  • ПРЕДАВАЊЕ: за Народната книжевност и начините на кои истата била сфаќана почнувајќи од романтизмот, па се до Јакобсон, Проп, Данди, Баузингер, Дан бен Амос и уште пет-шест други што прв пат ги слушав; во основа, прилично интересно разгледување на постапната промена на значењето на зборот народ и низата импликации што истата ги донесува. Ни даде и материјали професорката, мислам дека утре ќе бидеме во можност да ги фотокопираме.
  • КОЛОКВИУМ: Сега за сега, истиот не е закажан. Следната недела ќе гледаме некое предавање на погоре спомнатиот Дан бен Амос и неговите сфаќања за важноста на контекстот при проценувањето на тоа што е фолклорно, а што не. Сепак, некое време постоеше можност токму во понеделник да ни биде колоквиумот, па професорката ни објасни и како изгледа. Барем мое мислење е дека е прилично лесен и едноставен. Значи, професорката рече дека ќе има три прашања: 1. Краток историски преглед на развитокот на етнолошките студии (според Баузингер); 2. Денешното предавање (она што го појаснив погоре) и 3. Некое прашање за филмот од чисто есеистички карактер (тоа е цитат на професорката); нешто од типот како романтичарскиот занес се проектира во денешната епоха и како истиот проектира националистички чувства што може да доведат до катастрофални последици.
  • ПОСЕТЕНОСТ: Професорката се пожали на недоволната пос(в)етеност и потсети дека, во крајна линија, и дел од бодовите потекнуваат токму оттука. Истовремено, дека и дел од часовите бараат активно учество на студентите (што, исто така, носи бодови), а што е неможно ако нема студенти.

И тоа би било тоа. Ако нешто заборавив, се надевам дека некој од денес присутните ќе го додаде. Ако не - само уште да ве упатам кон ова место - тука се поставени моето и излагањето на Мицески за текстот на Баузингер.

Back to top Go down
View user profile
 
Poetika na usmenata knizevnost - 10.11.2008
Back to top 
Page 1 of 1
 Similar topics
-
» MOA-2008-BLG-310Lb - planet in the Galactic Bulge
» OGLE-2008-BLG-513L b
» Pls explain- National Budget Circular 517 dated dec 22, 2008.
» Mercredi 5 novembre 2008: Un jour historique!!!
» Exoplanets in 2008

Permissions in this forum:You cannot reply to topics in this forum
 :: II година :: Усмена книжевност-
Jump to: