Општа и компаративна книжевност
 
HomeHome  PortalPortal  CalendarCalendar  FAQFAQ  SearchSearch  MemberlistMemberlist  UsergroupsUsergroups  RegisterRegister  Log in  

Share | 
 

 odlozuvanje na II kolokvium

Go down 
Go to page : 1, 2  Next
AuthorMessage
Nikolina

avatar

Female Number of posts : 20
Age : 30
Registration date : 2008-04-30

PostSubject: odlozuvanje na II kolokvium   Tue Dec 30, 2008 8:14 pm

Здраво колеги! Јас имам еден предлог, Теорија на дискурси колоквиумот да го презакажиме за на 16ти или 17ти. Молам за одговор побрзо, за да и пишиме на Марија. Поздрав за сите и СРЕЌНИ ПРАЗНИЦИ.


Last edited by evelynglyn on Sat Jan 03, 2009 10:06 pm; edited 1 time in total (Reason for editing : kirilicata vo naslovot ne beshe chitliva)
Back to top Go down
View user profile
evelynglyn
Admin
avatar

Female Number of posts : 374
Age : 30
Real name : shhh
Registration date : 2008-04-06

PostSubject: Re: odlozuvanje na II kolokvium   Wed Dec 31, 2008 1:15 am

Проф. Марија праша денес дали одговара терминот, ама затоа што бевме
само четворица на час не пазаревме ништо. Не знам, мене не ми прави некоја
разлика тоа поместување затоа што и така таа недела имаме колоквиуми по
Ориентални поетики и Римска книжевност (на 12-ти и на 15-ти). Би се
добиле само еден или два дена по завршувањето на колоквиумот кај проф.
Владимир.

Но се разбира дека ако му помага тоа преместување на некој
друг, ако ви се поклопува со некои други обврски, мене не ми пречи, се
согласувам.
Back to top Go down
View user profile http://streets-of-dublin.blogspot.com
ana n.

avatar

Female Number of posts : 48
Age : 30
Real name : Ana
Registration date : 2008-05-07

PostSubject: Re: odlozuvanje na II kolokvium   Wed Dec 31, 2008 4:02 pm

potpolno se soglasuvam za 16 ili 17 ako moze da bide kolokviumot, da imam vreme i za semiiiiiinarskata da ja napravam pozz
Back to top Go down
View user profile
bojana

avatar

Female Number of posts : 44
Age : 31
Real name : Bojana
Registration date : 2008-04-07

PostSubject: Re: odlozuvanje na II kolokvium   Wed Dec 31, 2008 6:41 pm

Ako se slozuvaat povecemina ne e problem, no barem da e na 19, zasto 18 e nedela taka ke imame posle rimska vreme da doucime.
A koj go ima mailot na Marija za da i pise? Znam deka Viktor ima nesto problemi so mailot, pa nema da moze da bide posrednikot.
Back to top Go down
View user profile
evelynglyn
Admin
avatar

Female Number of posts : 374
Age : 30
Real name : shhh
Registration date : 2008-04-06

PostSubject: Re: odlozuvanje na II kolokvium   Wed Dec 31, 2008 7:05 pm

тука има контакти од сите професори.
Back to top Go down
View user profile http://streets-of-dublin.blogspot.com
Viktor Jovanoski



Number of posts : 319
Registration date : 2008-04-07

PostSubject: VAZNO: Za odlozuvanje na kolokvium   Sat Jan 03, 2009 5:46 pm

Да се извинам што доцнам со одговоров - имам (т.е. се надевам имав) технички проблеми, па дури сега сум во способност да го вклучам компјутерот.

Значи, вчера контактирав со Николина која ме извести дека повеќето се сложиле за одложување на колоквиумот по Теорија и ме замоли јас да напишам порака до професорката. Пред да ја напишам дали би можеле оние што имаат интернет да се распрашаат и по оние што немаат или не се во можност да се вклучат во периодов за да не излезе после дека одлуката не е едногласна. И - исто така - кажете ми точно која дата (или период) да го понудам (само, ве молам, немојте сабота зашто мислам дека не е праведно да бараме професорката да доаѓа и тогаш на факултет). И ако можете - пишете што е можно побрзо...
Back to top Go down
View user profile
evelynglyn
Admin
avatar

Female Number of posts : 374
Age : 30
Real name : shhh
Registration date : 2008-04-06

PostSubject: Re: odlozuvanje na II kolokvium   Sat Jan 03, 2009 10:03 pm

Ако веќе се одложува терминот и ако професорката се согласи со промената, најдобро е терминот што ќе го предложиме да биде 19-ти јануари. Но, тоа е термин надвор од колоквиумската недела, така што не сум сигурна дали ќе функционира. Инаку, би можеле да го имаме колоквиумот пред почетокот на часовите од редовниот распоред за понеделник, некаде од 8:30 мислам дека би имале доволно време за да завршиме пред 11:20 и часот по Ориентална книжевност.

Пишете и другите дали ви одговара и дали сте се слушнале со некои други колеги кои не се на форумов.
Back to top Go down
View user profile http://streets-of-dublin.blogspot.com
Viktor Jovanoski



Number of posts : 319
Registration date : 2008-04-07

PostSubject: Re: odlozuvanje na II kolokvium   Sun Jan 04, 2009 12:15 am

Да го цитирам Мицески - Одлично, одлично... И тој е, значи, за.
Back to top Go down
View user profile
emilija

avatar

Number of posts : 20
Registration date : 2008-04-10

PostSubject: Re: odlozuvanje na II kolokvium   Sun Jan 04, 2009 12:36 am

I jas docnam so odgovorot no se razbira deka se soglasuvam so predlogot
ke dobieme vo vreme i toa e super i se slozuvam da ne e sabota tuku
ponedelnik pred orientalni.
Toa e super.
Back to top Go down
View user profile
Viktor Jovanoski



Number of posts : 319
Registration date : 2008-04-07

PostSubject: Re: odlozuvanje na II kolokvium   Tue Jan 06, 2009 12:07 pm

Колку што јас знам - на 19ти е Водици и е, според приврзаниците на Нова надеж кој го изработиле овој прекрасен распоред што е пред мене, неработен ден за сите граѓани на Република Македонија со православна вероисповест. Тоа би имало дури и некакво значење за нас, ако не ни почнува распустот од истиот тој ден... Сепак, претпоставувам дека ќе има значење за професорката. Па ако веќе треба да го одложуваме, претпоставувам дека единствено можеме на 16ти, 17ти или 20ти. Ги поставувам овие три предлози на гласање. И кон нив - бидејќи Николина имаше токму ваква идеја - го додавам и четвртиов: само после 16ти. И, ве молам, гласајте до вечер, за да не и предложиме на Марија премногу доцна. Исто така, не заборавајте дека имаме колоквиум македонски на 22ри јануари. И дека на 19ти јануари се обележуваат 200 години од раѓаањето на По и дека the Poe Toaster ќе го посети неговиот гроб. Ова, секако, нема апсолутно никаква врска со темата на дискусија, ама јас имав потреба да го кажам.
Back to top Go down
View user profile
evelynglyn
Admin
avatar

Female Number of posts : 374
Age : 30
Real name : shhh
Registration date : 2008-04-06

PostSubject: Re: odlozuvanje na II kolokvium   Tue Jan 06, 2009 3:02 pm

17-ти.
да имаме време да го посетиме и Uncle Poe.
Back to top Go down
View user profile http://streets-of-dublin.blogspot.com
bojana

avatar

Female Number of posts : 44
Age : 31
Real name : Bojana
Registration date : 2008-04-07

PostSubject: Re: odlozuvanje na II kolokvium   Tue Jan 06, 2009 4:50 pm

Jas sum za 20, ama ne znam dali moze tolku od kolokviumska da se izleze santa
Back to top Go down
View user profile
Nikolina

avatar

Female Number of posts : 20
Age : 30
Registration date : 2008-04-30

PostSubject: Re: odlozuvanje na II kolokvium   Tue Jan 06, 2009 7:05 pm

Jas sum ili za 17ti ili 20ti. Za sto ke ima poveke glasovi, za toa sum:). Pozdrav.
Back to top Go down
View user profile
Viktor Jovanoski



Number of posts : 319
Registration date : 2008-04-07

PostSubject: Re: odlozuvanje na II kolokvium   Tue Jan 06, 2009 10:09 pm

Штотуку видов -17ти е сабота: тогаш и не можам да побарам (од погоре наведените причини). Така што - доколку до вечер не се смени нешто посебно - ќе и пишам на професорката Марија за 20ти (макар што и за ова ми звучи многу незгодно). Односно, можеби подобро е да и пишам кога и одговара после 16ти?
Back to top Go down
View user profile
Nikolina

avatar

Female Number of posts : 20
Age : 30
Registration date : 2008-04-30

PostSubject: Re: odlozuvanje na II kolokvium   Tue Jan 06, 2009 11:22 pm

Jas mislam 20ti e super, a ako ne i odgovara na profesorkata, neka predlozi taa, samo da e posle 16ti.
Back to top Go down
View user profile
Viktor Jovanoski



Number of posts : 319
Registration date : 2008-04-07

PostSubject: Re: odlozuvanje na II kolokvium   Wed Jan 07, 2009 4:12 pm

Бидејќи професорката Марија ми прати порака во која ме праша дали сме работеле за социјална функција и усни видови во вториов семестар, во мојот одговор на истата - каде го појаснив и изгледот на часовите релевантни за вториов колоквиум - предложив и поместување на колоквиумот. И бидејќи сметам дека истата порака ја засега целата група, таа следи во следните три поста. Кога ќе добијам одговорот и него ќе го доставам на истово место.


Last edited by Viktor Jovanoski on Wed Jan 07, 2009 4:14 pm; edited 1 time in total
Back to top Go down
View user profile
Viktor Jovanoski



Number of posts : 319
Registration date : 2008-04-07

PostSubject: Re: odlozuvanje na II kolokvium   Wed Jan 07, 2009 4:13 pm

Здраво, професорке.

Претпоставувам дека ќе биде малку подолга поракава, така што однапред се извинувам за нејзината должина.

Значи - барем според белешките во мојата тетратка - вториов дел од
првиот семестар ни се состоел од пет средби (од кои четири со
професорката Ќулавкова и една - последнава - со Вас). Ќе се обидам
накратко да Ви напишам што сме работеле на секој час:

1. Овој
час професорката ги посвети на правење на кратко резиме на материјалот
одреден за првиот колоквиум (накратко: за семиотика, книжевна
знаковност, ентропија/редунданца, модел, код/кодирање, предвидливост,
непредвидливост, инфорамција, шум...). Исто, доста време посветивме и
на естетската, а по неа зборувавме и за социјалната функција. Бидејќи
претпоставувам дека Ви е од интерес, во продолжение Ви доставувам и
еден препис од моите белешки што се однесуваат токму на оваа тема:
Back to top Go down
View user profile
Viktor Jovanoski



Number of posts : 319
Registration date : 2008-04-07

PostSubject: Re: odlozuvanje na II kolokvium   Wed Jan 07, 2009 4:14 pm

Поетската функција постои и во јазикот, но таму не е нужна. Книжевните
пораки се полифункционални, при што поетската функција е доминантна.
Јазичните се стремат кон монофункционалност, при што референцијалната
функција е речиси секогаш доминантна. Од референцијалната функција
произлегува и социјалната. Таа е неодвоива и од уметничките пораки, па
може да се рече дека таква врши и најлиричната песна. Бајачките,
обредните и молитвените песни, и особено трудовите се и продукт на
социјалната функција - тие се создадени за да се намали страдањето, за
да се овозможи опстанок во тешките услови... Зденко Шкреб, затоа, вели
дека не постои ниту еден книжевен род лишен од социјална функција.
Шкреб го зема примерот со бајката, која се смета за најимагинарна.
Сепак, и таа е некаков светоглед, па оттука е и социјална творба:
поврзана е со колективот и со стварната околна ситуација, чија
проекција, впрочем, и е. Социјалната функција се изразува на различни
начин во различни епохи. Средниот Век е особено карактериситчен по ова
прашање - овде многу жанрови се со социјална мотивација (здравица,
химна, но и кај ,уметничките видови таа може да преовладее). Кај нас,
печалбарските, ајдучките, како и илинденските од подоцнежниот период
имаат доминатна социјална функција. По завршокот на Втората светска
војна, повторно се јавува потреба за омасовување на книжевноста; затоа
и се тривијалната книжевност. Во новите услови, бестселерот станува
дури и потреба. Соц-реализмот, пак, е класичен показател за тоа како
книжевноста може да стане анагажирана. Хуморескните жанрови, исто така,
вршат социјална функција. Брзозборките, успивалките, играчките - сите
имаат социјална функција.
Толку е во однос на социјалната функција. Не
знам точно на што мислите за усните видови, но ако мислите на класично
разгледување на типологијата на усната книжевност - такво не сме имале.
Ако, пак, се мисли на застапеноста на социјалната функција меѓу нив -
како што и се гледа од горниов извадок - имаме зборувано. Во однос,
пак, на материјали за социјалната функција - немаме добиено, ниту
предложено, но знам дека во Поимникот има еден краток текст за
социјална функција, а, ако не се лажам, и текст за ангажирана
книжевност (макар што не беше под тој заглавен збор).
Back to top Go down
View user profile
Viktor Jovanoski



Number of posts : 319
Registration date : 2008-04-07

PostSubject: Re: odlozuvanje na II kolokvium   Wed Jan 07, 2009 4:14 pm

2. На овој
час се осврнавме исклучиво на текст, и тоа преку текстовите кои Вие ни
ги предложивте. Најпрво, Александар имаше излагање за Текст според
Новица Петковиќ, а потоа и јас по однос на извадоците од Структура на
уметничкиот текст на Лотман што Вие ми ги дадовте. Меѓу излагањата,
професорката се осврна на дообјаснување на префрлувачите и клишеата.

3
и 4. Овие две предавања беа за стил и стилистика. Првото беше повеќе
историско (од реториката преку сосредоточувањето на elocutio уште кај
раните реторичари, па се до Сосир, возобновата на интересот за говорот
кај Бали и, на крајот, за разликите меѓу Балиевата и Шпицеровата
стилистика), а второто теориско-практично (за појмовно, граматичко и
стилистичко рамниште на избор, за стилот како избор и за дефинирањето
на стилот на едно дело преку неговите девијантни, па оттука и маркантни
места; потоа и примена на ова врз примери од македонската Поезија -
Свиња од Славко Јаневски и Виј од Блаже Конески).

И уште едно
барање за крај, професорке, кое, ако не поради нешто друго, барем
поради задоцнетоста, е веројатно и неоправдано. Сепак, поради малиот
број на присутни на последниот час, како и поради празничниот период
кој оневозможуваше комуникација на задоволително ниво, дури сега
успеавме да постигнеме договор да Ве замолиме за одложување на
колоквиумот. Немаме консензус по однос на тоа која дата би ни
одговарала - пред се, поради тоа што на 15ти имаме колоквиум, 16ти е
премногу брзо, 17ти е веќе сабота, 19ти - празник, а 20ти (кој
единствено изгледа како разумна идеја) се плашиме да не не Ви одговара
Вам поради тоа што е веќе доста вон колоквиумска недела - па затоа и се
одлучивме, доколку би можел колоквиумот да се премести, одлуката за
новата дата да биде, пред се, Ваша. Во однос на нашиот распоред - во
неделата по колоквиумската - единствено имаме закажано колоквиум по
македонски јазик на 22ри од 16:20h.

Само ќе Ве замолам,
професорке, доколку не Ви е тешко, да ме известите и за можното
преместување и за евентуалните додатни теми на колоквиумот штом ќе
донесете одлука, за да бидам во можност и да им пренесам на останатите
во најбрз можен рок.

Во име на целата група - благодариме однапред!

Поздрав,
Виктор.
Back to top Go down
View user profile
slagana

avatar

Female Number of posts : 13
Age : 30
Registration date : 2008-05-12

PostSubject: Re: odlozuvanje na II kolokvium   Wed Jan 07, 2009 5:03 pm

i jas se soglasuvam za 20-ti ,ako moze neka bide togas.
Back to top Go down
View user profile
Viktor Jovanoski



Number of posts : 319
Registration date : 2008-04-07

PostSubject: Re: odlozuvanje na II kolokvium   Wed Jan 07, 2009 9:23 pm

Колеги и колешки, за жал (или за среќа), колоквиумот останува на 14.1. Еве ја пораката што ми ја врати професорката Марија:

Виктор,

во консултации со Ќулавкова, одлучивме колоквиумот да остане во тој термин - на 14.1. Мислам дека се договоривме на време - последниот час - така што имаше доволно време за подготовки. Конечно, имате две теми за текст и стилистика, и плус за социјална функција.

Мислам дека досега секогаш сме биле флексибилни и мислам дека терминот за колоквиум на 14.1 беше заеднички договор со студентите кои беа присутни на последниот час, а не наметнат. На крајот на краиштата, имам впечаток дека постојано се одлага кај нас.

Значи, потребно е време да се прегледаат колоквиумите, да се истакнат конечни резултати, па доколку некој не помине да се подготвува цел испит и за февруари, така што навистина е кусо времето.

Поздрав до вас и до целата група,
М.


Се надевам дека непроменувањето нема никому да влијае.
Back to top Go down
View user profile
evelynglyn
Admin
avatar

Female Number of posts : 374
Age : 30
Real name : shhh
Registration date : 2008-04-06

PostSubject: Re: odlozuvanje na II kolokvium   Wed Jan 07, 2009 10:59 pm

Мене ме радува ова. Не е многу материјалот, така што не би требало да биде проблем тоа што терминот е точно за една недела од сега.
Агонија е кога колоквиумите се развлекуваат по целиот месец.

Виктор, фала што и` пиша на професорката, супер е мејлот. Само имам едно прашање - кој текст го имаме за социјална функција? Мислам дека го немам тој.

Да потсетам само дека на 14-ти после колоквиумот по Теорија (од 11:30) ќе одржиме час по Усмена книжевност. Професорката ќе не` чека во просторијата зад студентски прашања.
Back to top Go down
View user profile http://streets-of-dublin.blogspot.com
Viktor Jovanoski



Number of posts : 319
Registration date : 2008-04-07

PostSubject: Re: odlozuvanje na II kolokvium   Wed Jan 07, 2009 11:55 pm

Да бидам искрен и мене повеќе ми одговара Теорија да си завршиме во среда, макар што не ми правеше и некоја голема разлика да биде и наредната недела. Инаку, текстот за социјална функција, Ана, е од Поимникот - прилично е краток, патем. Ќе го носам утре, ќе го фотокопираме.
Back to top Go down
View user profile
evelynglyn
Admin
avatar

Female Number of posts : 374
Age : 30
Real name : shhh
Registration date : 2008-04-06

PostSubject: Re: odlozuvanje na II kolokvium   Thu Jan 08, 2009 1:46 am

Ах го сонувам веќе тој Поимник, аман нека излезе во продажба колку сака нека е ќе го земам =)
Back to top Go down
View user profile http://streets-of-dublin.blogspot.com
ana n.

avatar

Female Number of posts : 48
Age : 30
Real name : Ana
Registration date : 2008-05-07

PostSubject: Re: odlozuvanje na II kolokvium   Fri Jan 09, 2009 5:21 pm

ej moze samo edno prasanje `Kade tocno e toj tekst za socijalna funkcija vo Poimnikot, barav i nikako nemozam da go lociram? na koja str. i dali vo Poimnikot ima voopsto nesto opsto za stil i stilistika i na koja str e i toa?
na golemi maki sum so citanjevo na materijalive, stvarno navistina se loso kopirani Smile
Back to top Go down
View user profile
Sponsored content




PostSubject: Re: odlozuvanje na II kolokvium   

Back to top Go down
 
odlozuvanje na II kolokvium
Back to top 
Page 1 of 2Go to page : 1, 2  Next

Permissions in this forum:You cannot reply to topics in this forum
 :: II година :: Теорија на дискурси-
Jump to: