Драги колеги,
Само што наидов на неколку клипови на youtube на кои можат да се погледнат сегменти од комедијата Ромео од СДСМ и Јулија од ВМРО, во која нашата колешка Бисера Бендевска игра една од главните улоги, улогата на Јулија.
Додека не ни се укаже прилика да гледаме некои од нејзините идни театарски настапи во живо, уживајте во овие клипови:
клип 1 (дел од изведбата на нашата колешка)
клип 2 (прологот и почетокот на комедијата)
...и уште два-три клипови кои ќе ви се појават од десната страна кога ќе кликнете на кој било линк од двата погоре.
Претставата се случила на 27. 10. 2007, во битолскиот Центар за култура.
Браво, Бисера!