Ако не се лажам, четвртиот колоквиум треба да ви биде исклучиво за фигуративниот говор. Ако е така - тогаш е прилично лесно: имате само една книга (Фигуративниот говор и македонската Поезија од професорката Ќулавкова) и одвај еден или два пропратни текста. И - многу важно - на колоквиумот речиси сигурно ќе имате еден или два извадоци од песни во кои ќе треба да ги воочите и класфицирате застапените фигури и тропи. Но, не грижете се: само внимавајте на обработките на песните (што сигурно ќе ги правите со професорката Марија) бидејќи - речиси гарантирано - извадоците ќе ви бидат токму од нив.