Општа и компаративна книжевност
 
HomeHome  PortalPortal  CalendarCalendar  FAQFAQ  SearchSearch  MemberlistMemberlist  UsergroupsUsergroups  RegisterRegister  Log in  

Share | 
 

 Za kolokvium

Go down 
AuthorMessage
Viktor Jovanoski



Number of posts : 319
Registration date : 2008-04-07

PostSubject: Za kolokvium   Sun Apr 05, 2009 2:34 pm

Не ми се верува дека заборавив да известам: професорката Ќулавкова ми прати вчера порака во која рече дека „колоквиумот може да го одложиме за идната седмица, ама наместо на 16ти, можеби е добро да биде на 15ти - тогаш имаат колоквиум и 4та година. Но ако на Марија не и пречи 16ти“, додаде после тоа, „ќе [ни јави], тогаш [неа не и] е проблем.“ Со мало задоцнување, јас ја известив и професорката Марија, па сега очекувам повратна порака во однос на нивниот заемен договор. Знаејќи дека Бојана има испит на 15ти, се надевам дека ќе остане четврток. Како и да е, навремено (овој пат ветувам) ќе ве известам.
Back to top Go down
View user profile
Viktor Jovanoski



Number of posts : 319
Registration date : 2008-04-07

PostSubject: Prviot del od prepiskata   Sun Apr 05, 2009 2:43 pm

Во наредните две-три пораки следи пораката што јас и ја пратив на професорката Ќулавкова, а која се однесува на досега поминатите содржини и материјалите кои досега ни биле предложени за читање. Мислам дека и за ова доцнам (и не ми е јасно како толку често доцнам):

Драга професорке,

Пред се, да Ви се извинам за малото доцнење, но, поради напорниот факултетски распоред и неколку неодложни обврски меѓувреме, дури сега успеав да ја довршам поракава која ја бев започнал уште пред два дена. Секако, не се обидувам да се оправдам, само барем малку да појаснам.

Најпрво, значи, ќе се обидам да ги сумирам (според белешките кои ги имам забележувано на Вашите часови) најважните нешта што успеавме да ги поминеме на предавањата досега; за полесен преглед ќе ги распоредам по часови, иако одредени содржини биле застапени на повеќе од еден час:
Back to top Go down
View user profile
Viktor Jovanoski



Number of posts : 319
Registration date : 2008-04-07

PostSubject: Re: Za kolokvium   Sun Apr 05, 2009 2:45 pm


  • 23.2 - Основни разлики меѓу лирската и епската Поезија:
    Поезија наменета за пеење и Поезија наменета за кажување; лириката -
    како понепосреден израз на чувствата и субјектот - е постара во однос
    на епиката која е врзана со историјата и колективната свест; поврзаност
    со митот: епиката на ниво на наратив/приказна, лириката на рамниште на
    мистска слика, на ниво на фрагмент; дистанца: апсолутното епско минато
    како временско-вредносен суперлатив, лирското блиско/интимно
    сочувствување со објектот; миметичност наспроти асоцијативност; висок
    жанр наспроти низок (во класицистичките поетики); смрт на епот.

  • 3.3 - (Довршување на) разлики меѓу лирската и епската Поезија; разлики со драмата; дистинкции на релација Лирика - Поезија:
    Атемпорален презент наспроти вечното епско минато; Лириката се случува
    сега, тука и на мене - склоност и кон надиндивидуализација низ
    идентификување со лирскиот субјект; Лириката како дел од првобитниот
    синкретички склоп и како вечен оддржувач на врската со магиското (моќта
    на зборот) и музичкото (моќта на ритмот) од синкрезата; врзаноста на
    Лириката со перенијалните теми, но напоредно и нејзината лудистичка
    димензија; обредите врзани со раѓањето, венчавките и смртта како извори
    за низа лирски жанрови; ако драмата користи ликови кои дејствуваат,
    Лириката употребува зборови кои дејствуваат; Лириката како дел од
    Поезијата, Лириката како супститут/синегдоха за поетското творештво;
    Лириката отсекогаш врзано со сакралното: само лирските песни можат да
    зборуваат за боговите и божеското.

  • 10.3 - Обработка на „Утринска песна“ од Силвија Плат.
Back to top Go down
View user profile
Viktor Jovanoski



Number of posts : 319
Registration date : 2008-04-07

PostSubject: Re: Za kolokvium   Sun Apr 05, 2009 2:45 pm


  • 17.3 - Некои конвенции на лирската Поезија:Тенденција
    кон елиптичност (cf. Едгар По и должинското ограничување на 100
    стихови); енигматичноста како продукт на бегството од миметичност;
    сликовноста како продолжеток на опседноста на лириката со митската
    слика; емотивната како пратител на поетската функција најизразено во
    лирското творештво; изразена онтична моќ - Лириката создава светови низ
    слики, користи митотворечки јазик; независно од историските конвенции -
    емотивноста, заедно со фигуративноста и спознајноста, ја чини сржта на
    лирското творештво; одлики (како конститутити) наспроти својства (како
    можности); зависност на лиричното во лириката од конвенциите: усната
    лирика е различна од романтичарската лирика и речиси неспоредлива со
    модерната.

  • 24 и 31.3 - Поетика на лирската песна (според Калер): Натурализацијата како
    корпус механизми со кои читателот доведува една песна во врска со веќе
    познати модели и на тој начин ја намалува оттуѓеноста на песната. Трите
    основни конвенции на лириката според Калер: 1.
    Деикса
    и дистанца: растојание и безличност; 2. Органска целина; 3. Тема и
    епифанија (овие само ги напомнувам, макар што детално ги разработивме -
    мислам дека нема потреба овде да го правам тоа). Авто-референцијалноста како начин на толкување на некои херметични песни. Структуралистичка анализа на
    Ангелот на Света Софија од Блаже Конески.
Back to top Go down
View user profile
Viktor Jovanoski



Number of posts : 319
Registration date : 2008-04-07

PostSubject: Re: Za kolokvium   Sun Apr 05, 2009 2:47 pm

Материјалите што досега ни ги имате посочено како соодветни за досега обработените содржини се следниве:

  • Bahtin, Mihail. 1989. Ep i roman. O romanu [prevod Aleksandar Badnjarević]. Beograd: Nolit. 435-474.
  • Jakobson, Roman. 1978. Šta je poezija?/Dominanta. Ogledi iz poetike. Beograd: Nolit. 105-127.
  • Калер, Џонатан. 1990. Поетика лирске песме. Структуралистичка поетика. Београд: СКЗ. 241-282.
  • Poe, Edgar Allan. 1846. The Philosophy of Composition. Graham's Magazine 28:163-167.
  • Lešić, Zdenko. 2005. Lirska poezija. Teorija književnosti. Sarajevo: Sarajevo Publishing. 368-395.
  • Kravar, Zoran. 1998. Lirska pjesma. Uvod u književnost [ur. Škreb, Zdenko/Stamać, Ante]. Zagreb: Globus.

Последните два текста, професорке, ни ги посочи професорката Марија на последниот час.

Доколку има што и да е што ни недостасува или некоја содржина што можеби сум ја пропуштил, би сакал - во име на целата група - да Ве замолам да ме известите. Во име на целата група би сакал да Ве замолам и колоквиумот - кој начелно треба да се оддржи во среда, на 8 април - да биде поместен за четврток, 16ти април. Професорката Марија рече дека нема да има проблем со тој термин, но нč замоли да се консултираме со Вас: дали и Вам ви одговара таквото поместување. Без разлика на конечната одлука во однос на датата одредена за колоквиумот, ќе Ве замолам да ме известите за истата штом ќе бидете во можност, за да можам информацијата во најбрзо време да ја пренесам до колегите и колешките.

На крајот - по воведното извинување за доцнењето - веројатно треба да се извинам и за должината на пораката, која најверојатно досега надмина секаква прикладна должина за читање; од друга страна, пак, се надевам дека истата ги содржи сите потребни нешта и дека доцнењето и должината на поракава се помалку важни од нејзината содржина.

Однапред благодариме,
Виктор.


Last edited by Viktor Jovanoski on Sun Apr 05, 2009 2:50 pm; edited 1 time in total (Reason for editing : естетски поправки)
Back to top Go down
View user profile
evelynglyn
Admin
avatar

Female Number of posts : 374
Age : 30
Real name : shhh
Registration date : 2008-04-06

PostSubject: Re: Za kolokvium   Sun Apr 05, 2009 7:40 pm

Одлично. Иако, датата што е во четврток, 16-ти, повеќе ми одговара и мене.

Средата е убава каква што е - слободна.
Back to top Go down
View user profile http://streets-of-dublin.blogspot.com
Viktor Jovanoski



Number of posts : 319
Registration date : 2008-04-07

PostSubject: Ponudite   Sun Apr 05, 2009 8:07 pm

Вака изгледа пораката на професорката Марија во однос на терминот за колоквиум: „начелно може на 16ти во 9:00h“, вели, „јас тогаш имам колоквиуми со IV. Значи, ако во среда на 15ти имате колоквиум може на 16ти во 9:00h; ако сте слободни, може и на 15ти во 9:00. Само јавете ми.“

Па, одлучувајте (имајќи на ум дека ако закажеме на 16ти, часот со Владимир ќе треба да го оддржиме во некој друг термин).
Back to top Go down
View user profile
evelynglyn
Admin
avatar

Female Number of posts : 374
Age : 30
Real name : shhh
Registration date : 2008-04-06

PostSubject: Re: Za kolokvium   Sun Apr 05, 2009 9:57 pm

Епа ајде, нека е на 16-ти од 09:00 до 11:00, па после може да ги имаме часовите по Ренесанса и Класицизам. Од 11:00 до 14:20, само во некоја друга просторија зашто трета година имаат час со професорката Лидија во ХЕСП во тој период.

Нормално, треба да провериме дали ова одложување ќе му одговара на професорот. Ќе треба да му пишеме за да го известиме за потребата од промена во терминот за 16-ти.

Ако сме договорени дека Теорија на дискурси ќе полагаме во четврток од 09:00, да му пишам?
Back to top Go down
View user profile http://streets-of-dublin.blogspot.com
evelynglyn
Admin
avatar

Female Number of posts : 374
Age : 30
Real name : shhh
Registration date : 2008-04-06

PostSubject: Re: Za kolokvium   Sun Apr 05, 2009 10:01 pm

Патем, Јованоски, те молам донеси го утре текстот на Кравар. Некои колеги уште го немаат ископирано, а не ми се носи цела книга за да ја позајмам за копирање. Merci Like a Star @ heaven
Back to top Go down
View user profile http://streets-of-dublin.blogspot.com
Sponsored content




PostSubject: Re: Za kolokvium   

Back to top Go down
 
Za kolokvium
Back to top 
Page 1 of 1

Permissions in this forum:You cannot reply to topics in this forum
 :: II година :: Теорија на дискурси-
Jump to: