Гавран на гранка.
Небеска раскрсница.
По кој пат води?
A crow on a
sky's crossroad.
Which way does it take?
Почитувани,
Имам
чест да Ве поканам на промоцијата на мојата најнова хаику/хаига збирка
„Небеска раскрсница/Crossroad in the Sky“ на 01.06.2009, понеделник, 20
часот, Кино „Фросина“ (МКЦ).
Хаигата е специфичен жанр - микс од фотографија и хаику - што првпат се објавува во Македонија.
Книгата
во издание на издавачката куќа „МАГОР“ ќе ја промовираат Доц. д-р
Владимир Мартиновски и Д-р Александар Прокопиев. Програмата ќе ја води
Силвана Јованова, стиховите ќе ги читаат Елена Пренџова и Марјан Минов,
а ќе настапат и Драган и Ратко Даутовски со куса изведба на окарина.
Промоцијата
има и хуманитерен карактер за да се помогне моето заминување на
трансплантација на матични клетки во Русија. За таа цел освен книгата,
на продажба ќе бидат понудени и уметнички дела донирани од група
еминентни млади уметници, кои ќе бидат изложени во горното фоаје за
време на промоцијата.
Ве очекувам ми ја разубавите и збогатите оваа вечер. Поканата
е отворена и за останатите љубители на уметноста и хумани луѓе, па
слободно известете ги сите што одговараат на овој опис...
Искрено,
Искра Донева.