Професорот Владимир ми рече да го препратам ова соопштение на професорката Елисавета Поповска:
СООПШТЕНИЕ
за студентите дека во зимскиот семестар е активиран и можат да го изберат предметот
Автобиографијата во француската литература
кој го држи доц. д-р. Елисавета Поповска со фонд на часови 2+0, и носи 3 кредити.
Програма на предметот:
Еволуција на жанрот и терминот автобиографија – нејзино позиционирање во однос на другите жанрови на персоналната литература: автопортрет, автобиографски роман, мемоари, дневник, есеј. Првиот уметнички автобиографски текст – Исповедите на Жан-Жак Русо. Теоретско обмислување на жанрот од страна на Филип Лежен и воведување во оптек на поимите автобиографски пакт и автобиографски простор. Автофикцијата - едно постмодернистичко поимање на автобиографското писмо како неминовно контаминирано од процедурите на фикционализација. Хоризонт на очекување и рецепцијата на автобиографијата. Семејни хроники. Автобиографските остварувања на Жид, Малро, Роб-Грије, Сарот, Перек, Јурсенар.
Јазик на кој се изведува наставата:
- на француски јазик со одредени појаснувања на македонски јазик
Јазик на кој се изведуваат испитите:
- на француски и/или македонски јазик според изборот на студентот.
Ги молам сите заинтересирани студенти кои сакаат да го одберат и да го слушаат овој изборен предмет, да се пријават на списокот поставен пред кабинетот на доц. д-р. Елисавета Поповска или да дојдат на часовите кои се одржуваат во петок од 13.00 до 14.35 часот во просторијата наречена Фонтана пред библиотеката по англиски јазик и литература.