Општа и компаративна книжевност
 
HomeHome  PortalPortal  CalendarCalendar  FAQFAQ  SearchSearch  MemberlistMemberlist  UsergroupsUsergroups  RegisterRegister  Log in  

Share | 
 

 Teorija na knizevnost (temi za seminarski)

Go down 
AuthorMessage
Viktor Jovanoski



Number of posts : 319
Registration date : 2008-04-07

PostSubject: Teorija na knizevnost (temi za seminarski)   Thu Apr 17, 2008 1:23 am

Ова се сите теми за семинарски што професорката Марија ни ги има дадено. Таму кадешто знам дека некој ја има веќе земено ќе обележам. Кај останатите - не значи дека се слободни, туку, едноставно, дека не знам кој ги има земено. Значи:

РЕТОРИКА
- Реториката на Аристотел
- Принципите на современата реторика од Ј. Рождественски
- Теорија и типологија на стилски фигури

ФИЛОСОФИЈА
- Смртни прашања од Томас Нејгел
- Односот меѓу философијата и книжевноста преку конкретни примери (Слаѓана ги има земено Дневник на заводникот и Смрт во Венеција)

АНТРОПОЛОГИЈА
- Односот меѓу антропологијата и книжевноста според Ермис Лафазановски (не знам која книга или кој текст)
- Есеј за човекот од Ернст Касирер (Александар)

ЛИНГВИСТИКА
- Преглед на Сосировите тези за јазикот (Виктор)
- Односот меѓу лингвистиката и книжевноста (Нанко)

КУЛТУРОЛОГИЈА
- Култура од Рејмон Вилијамс (Емилија)

ИНТЕРМЕДИЈАЛНОСТ
- Интермедијалноста во контекст на книжевната компаратистика

Не знам зошто но не можам да најдам ниту една тема поврзана со психолохгија. Веројатно не сум ја запишал. Зашто сигурен сум дека имаше нешто. Ако има некакви прашања - пишувајте.
Back to top Go down
View user profile
Simonia D

avatar

Female Number of posts : 24
Age : 31
Real name : Simona Karanfilova
Registration date : 2008-04-07

PostSubject: Re: Teorija na knizevnost (temi za seminarski)   Fri Apr 18, 2008 9:26 pm

Од Лафазановски темата за семинарска е од Антрополошки дијалози, поглавјето е Антропологија - литература (123-187стр.)
А за психологија ни јас немам ништо запишано...
By the way... И јас имам земено за Касирер, и тоа уште на првиот час кога Марија ги соопшти темите... Веројатно нема врска ако двајца работат на иста тема?
Back to top Go down
View user profile http://www.puella-pia.deviantart.com
Viktor Jovanoski



Number of posts : 319
Registration date : 2008-04-07

PostSubject: Teorija na knizevnost (temi za seminarski)   Fri Apr 18, 2008 9:31 pm

Нема. Многу веројатно. И онака има многу малку теми. Само мислам дека професорката бараше прво да се покријат сите теми, а дури потоа да се дуплираат. Ги обележав имињата за секој случај.
Back to top Go down
View user profile
prjatecha

avatar

Male Number of posts : 12
Age : 29
Real name : александар мице&
Registration date : 2008-04-11

PostSubject: Re: Teorija na knizevnost (temi za seminarski)   Sun Apr 20, 2008 11:51 pm

Немат гајле Симона. и јас ја прашав истото Марија, таа рече во ред е. не е задоволна со нашето интересирање за семинарските, па веројатно среќна е шо воопшто сме зеле тема.
инаку, интересен е Касирер. си прајт рекапитулација на се шо сработил и шо успеал да дознајт во текот на својот живот. митологија/религија/јазик/уметност како одраз на изгубеноста на човекот во чудесата на светов. мене искрено ми задават маки семинарскава.
ај
Back to top Go down
View user profile
Simonia D

avatar

Female Number of posts : 24
Age : 31
Real name : Simona Karanfilova
Registration date : 2008-04-07

PostSubject: Re: Teorija na knizevnost (temi za seminarski)   Mon Apr 21, 2008 11:06 am

Знаеш што е без врска во нашата тема? Не е баш креативна. Интересна е, супер е, ама... онака, треба да биде само едно излагање на идеите на Касирер... бар така рече Марија, затоа што се работи само за една книга. Знаеш, како да правиш експозе слично... Ама добро, за да компензира за леснотата на начинот, материјалот не е баш едноставен. Smile
Back to top Go down
View user profile http://www.puella-pia.deviantart.com
pLAVo



Male Number of posts : 51
Age : 29
Real name : ~M~
Registration date : 2008-12-08

PostSubject: Re: Teorija na knizevnost (temi za seminarski)   Mon Dec 08, 2008 5:42 pm

Дечки здр!
Јас сум ваш колега, на прва година ОКК.
Да не има некој од вас да работел семинарска по предметов "Дали колумната е есеј?" да ми ја испрати да ѕирнам што како?
Мислам ако може...

ПОзз
п.с. Ја сум Милош бај д уеј од Куманово...

ПОзззззззз
Back to top Go down
View user profile
Viktor Jovanoski



Number of posts : 319
Registration date : 2008-04-07

PostSubject: Re: Teorija na knizevnost (temi za seminarski)   Tue Dec 09, 2008 8:45 pm

Колку што се сеќавам, никој не работеше на таква тема за семинарска во прва - првиот семестар, впрочем, и немавме семинарски поради отсуството на професорката Марија... Случајно некој ако работел на излагање со таква тематика (што искрено се сомневам) би можел да ти помогне, Милош. Но со оглед на фактот што досега никој не се јавил, веројатно ќе мораш сам. Претпоставувам материјали имаш добиено од професорката, па семинарската не треба да ти биде ништо повеќе од нивна разработка, која и не мора да биде детална, се додека опфаќа десетина-петнаесет страници. Притоа, не заборавај да ги цитираш изворите и да приложиш соодветна литература на крајот - мислам дека треба барем пет библиографски единици (ако треба прирачник за цитирање, истиот може да се најде овде.) Во секој случај, обиди се да ја сработиш семинарската, зашто, се на се, може да ти вреди две оценки... Поздрав.
Back to top Go down
View user profile
pLAVo



Male Number of posts : 51
Age : 29
Real name : ~M~
Registration date : 2008-12-08

PostSubject: Re: Teorija na knizevnost (temi za seminarski)   Sat Dec 13, 2008 5:21 pm

фала....
сепак ја напишав сам...
немав материјали од проефорката... работев со мои сопствени...
мислам дека добро ја сработив, чекам коментари за корекција од професорката Марија...
како и да е, фала многу на советите...

поззззззз
Back to top Go down
View user profile
Viktor Jovanoski



Number of posts : 319
Registration date : 2008-04-07

PostSubject: Re: Teorija na knizevnost (temi za seminarski)   Tue Dec 29, 2009 2:36 am

Единствената книга од Зденко Лешиќ која се води под насловот Teorija književnosti и датира од крајот на седумдесеттите, Бобан, е извесна читанка за прва година гимназија со референца што во целост изгледа вака: Lešić, Zdenko. 1978. Čitanka: teorija književnosti: za prvi razred gimnazije.Sarajevo: Svjetlost (патем, ако таа книга била обврзно четиво за гимназијалци пред триесет години, тогаш нашава наука е во сериозна криза). Воведот кон истата беше навистина краток - само три страници. Единственото нешто обработено на нив беше традиционалната поделба на науката за книжевност: книжевна критика, книжевна историографија и книжевна теорија. Кај Ќулавкова - нормално под влијание и на самиот развиток на книжевната наука во изминативе триесетина години - оваа поделба е ревидирана со воведување на четврт елемент во комплексот науки (методологија), како и две науки пропратни на книжевната критика: есеистика и херменевтика. Разлика што исто така би можела да ти биде од интерес е и начинот на кој се разгледува книжевната историографија. Како и да е - не верувам дека воведот од оваа книга е оној што ти бил копиран, така што, би било убаво доколку можеш утре или задутре да ми го дадеш некако токму тој текст. Јас ќе бидам и двата дена речиси целиот ден во околината на факултетот, па само пиши кога ти одговоара.
Back to top Go down
View user profile
Doppelganger



Number of posts : 2
Registration date : 2009-12-10

PostSubject: Re: Teorija na knizevnost (temi za seminarski)   Tue Dec 29, 2009 10:06 pm

Благодарам Виктор, ова секако ќе ми помогне. Можеме да се видиме утре, јас ќе бидам на факултет од 10 најдоцна до 12, ако ти одговара во тој период. Инаку, воведот што јас го имам има референца: Zdenko Lesic. Sarajevo 1975 (можеби јас имам лошо забележано). Во секој случај, благодарам уште еднаш.
Back to top Go down
View user profile
Viktor Jovanoski



Number of posts : 319
Registration date : 2008-04-07

PostSubject: Re: Teorija na knizevnost (temi za seminarski)   Wed Dec 30, 2009 1:11 am

Бидејќи ние полагаме колоквиум од 10:00h, дали ти одговара да бидеш 9:50h пред факултет? Секако, донеси го и текстот на Лешиќ.
Back to top Go down
View user profile
Sponsored content




PostSubject: Re: Teorija na knizevnost (temi za seminarski)   

Back to top Go down
 
Teorija na knizevnost (temi za seminarski)
Back to top 
Page 1 of 1

Permissions in this forum:You cannot reply to topics in this forum
 :: Известувања :: Домашни и семинарски-
Jump to: