Viktor Jovanoski
Number of posts : 319 Registration date : 2008-04-07
| Subject: Temi za kolokvium Wed Nov 04, 2009 2:48 am | |
| Како што кажав денес кога ми беше побарано да ги запишам темиве, јас, всушност, нив и ги немам. Ова е само провизорна варијанта:
- Однос Поезија/Проза (разгледан низ репрезентативни примери)
- Бахтин и дијалогизмот
- Мимесис и фикција (разгледан низ репрезентативни примери)
- Лотман и едноставноста
- Сартр, Сејпир и низа други теоретичари од предавањето за историјата на фикцијата
Доколку некој има подобро запишано, би советувал да ме поправи... | |
|
evelynglyn Admin
Number of posts : 374 Age : 35 Real name : shhh Registration date : 2008-04-06
| Subject: Re: Temi za kolokvium Thu Nov 05, 2009 10:17 pm | |
| Многу се извинувам што не ги напишав темите за колоквиум порано, уште не можам да сфатам како е возможно да не сум го направила тоа досега. Ќе треба да ви испечам нешто, некои колачиња или така нешто, за да се искупам за ова доцнење. Еве ги темите онака како што ни ги кажа професорката Србиновска:
- Книжевно тематизирање на проблемот на фикцијата
- Односот фикција – стварност (историски контекстуализиран; според текстот на Шефер Кој сеуште се плаши од подражавањето?; расказот на Масимо Бонтемпели Речиси љубовна)
- Односот поезија – проза и инкорпорирање на едноставното како естетско (Лотман)
- Односот поезија – проза (според песната на Борхес, расказите на Хемингвеј и Карвер, текстот на Бахтин и предавањето од 26. 10 на кое ни беа сумирани тезите на Гарден, Успенски, Сапир, Сартр, Барт и Хегел - ако на некого му требаат овие белешки слободно нека ми пише, ги имам во електронска форма).
| |
|