Драги колеги од III година,
Семинарските трудови за курсевите што ги слушаме кај професорката Лидија,
Поетика на романтизмот и
Фантастичен расказ, можеме да ѝ ги испраќаме до 29-ти јануари (петок), односно заклучно со попладнето на 30-ти (последен воз
). Финалните оценки, заедно со поените од предадените семинарски, ќе ни бидат соопштени во текот на првите денови од новиот семестар.
Исто така (и ова важи за колегите од сите студиски години), професорката рече дека на 29-ти ќе биде на факултет цел ден со колегите што полагаат според старата програма, па ако некој сака да полага нејзин предмет (а ги испуштил термините на 20-ти и 21-ви), ќе има можност да го земе испитот во текот на тој ден. А постои и опција за одбирање меѓу писмен и усен испит.
Со среќа на сите со семинарските и испитите