Ах, јас пишав порака тука, но изгледа едновремено со твојата Јакимска. Ме победи. Едниот дел од мојата порака веќе си го напишала, па да го напишам она што го нема: штотуку го пријавив излагањето за часот на 4-ти февруари. Сепак, доколку некому му одговара повеќе оваа дата, слободно нека пише и ќе се преместиме. Ако не - подгответе се за едно здодевно (иако и повеќе од неопходно) предавање за метричките одлики на стиховите во творештвото и препевите на македонските Поети. Добро, добро - можете и да не доаѓате ако не сакате...