Општа и компаративна книжевност
 
HomeHome  PortalPortal  CalendarCalendar  FAQFAQ  SearchSearch  MemberlistMemberlist  UsergroupsUsergroups  RegisterRegister  Log in  

Share | 
 

 izmeni na forumot

Go down 
AuthorMessage
evelynglyn
Admin
avatar

Female Number of posts : 374
Age : 30
Real name : shhh
Registration date : 2008-04-06

PostSubject: izmeni na forumot   Sun May 04, 2008 1:21 am

драги другари и другарки,

пред почетокот на последното тромесечје од нашата прва година како компаратисти, со првите крици на предизборието и надоаѓањето на летната жега (секако, овојпат без грчкиот конзулат во општата слика), време е да го живнеме малку и нашиот форум.

досега достапни беа само теми кои во главно беа поврзани со факултетот и предавањата (иако професорите беа на големо поштедени, морам да напоменам), што за зимскиот период е прилично разбирливо, затоа што зимата е, и ова е моја теорија, специфичен дел од годината во кој природата само живурка, надвор одвај се разденува, реалноста се става на stand by и се создаваат супер услови за царување на фантазијата. во таков период, сосема соодветно е да се читаат митови и антички текстови, да се учи за магиските ритуали и инкантации и да се замислуваат древните епски војни (а богами и воини).

но, сега веќе е топло, некако се` се раздвижи, и време е за нешто подруго.
кога се вратив од нашиот оксиморонски распуст, за време на кој ги испочитувавме најголемиот христијански празник и комунистичкиот непомир, и кога го отворив форумов, почувствував сивило кое никако не одговараше со убавото време надвор и кое мораше да се разбие во најбрз рок. потребата да внесам некои новини кои барем малку ќе ни овозможат да се ослободиме од академските спреги доведе до, за сега, 4 нови подфоруми, сместени во новата категорија Фин свет:

  • книжевност - тука би одело се` што е поврзано со книгите надвор од факултет, книги кои не можеме да ги најдеме, книги кои ги препорачуваме, книги кои ги продаваме, критики на книги, автори, биографии, тривијалности, итн, итн.
  • филм - исто како погоре, и во овој форум би влегло се` што е поврзано со филмот, препораки, режисери, актери, жанрови, фестивали, размена на филмови...
  • музика - бендови, автори, препораки, размена... се` што мислите дека има допирни точки со оваа област и што во исто време е интересно и/или важно.

и затоа што не собира во еден пост...



Last edited by evelynglyn on Fri Sep 05, 2008 8:05 pm; edited 2 times in total
Back to top Go down
View user profile http://streets-of-dublin.blogspot.com
evelynglyn
Admin
avatar

Female Number of posts : 374
Age : 30
Real name : shhh
Registration date : 2008-04-06

PostSubject: Re: izmeni na forumot   Sun May 04, 2008 1:41 am

^ продолжува од погоре

...исто така, уште една новина е тоа што стариот форум Препораки сега доби ново име - Совети. Препораки
беше некако премногу слично со Случувања, а и според тоа што е
постирано таму досега новото име е посоодветно и во целост ја опфаќа
неговата содржина. Плус тоа, препораките од областа на културата сега
веќе слободно можат да одат во новите подфоруми на категоријата Фин свет.

доколку има заинтересирани за модерација на новите подфоруми, само кажете и ќе ве ставам.

ако имате некои предлози за понатаму, добредојдени сте да ги напишете тука или на приватна порака, како ви одговара.

и не заборавајте - ништо не е вистинито додека не е на Интернет.

поздрав од
другарката Евелин Глин
Back to top Go down
View user profile http://streets-of-dublin.blogspot.com
 
izmeni na forumot
Back to top 
Page 1 of 1

Permissions in this forum:You cannot reply to topics in this forum
 :: Известувања :: Инфо табла-
Jump to: