Општа и компаративна книжевност
 
HomeHome  PortalPortal  CalendarCalendar  FAQFAQ  SearchSearch  MemberlistMemberlist  UsergroupsUsergroups  RegisterRegister  Log in  

Share | 
 

 30 години ОКК

Go down 
AuthorMessage
evelynglyn
Admin
avatar

Female Number of posts : 374
Age : 30
Real name : shhh
Registration date : 2008-04-06

PostSubject: 30 години ОКК   Mon Apr 11, 2011 1:09 pm

Драги мои,

Како што веќе знаете, оваа година нашата катедра одбележува 30 години постоење. Денот на јубилејот ќе биде одбележан со официјална и неофицијална прослава - ние, како студенти, за среќа сме задолжени за неофицијалниот дел. Во договор со МКЦ како датум го добивме 27ми април, со термин од 20 ч.
Ве молам препратете ја оваа порака до останатите колеги од вашите групи.

Во прилог ви испраќам едно предлог - сценарио за текот на вечерта.

СЦЕНАРИО ЗА СТУДЕНТСКО ОДБЕЛЕЖУВАЊЕ НА ЈУБИЛЕЈОТ
30 ГОДИНИ ОКК
[27. 04. 2011; МКЦ]



1. Отворање на вечерта со краток говор и пречек на гостите на влезот со поделување на листови на кои е испишана програмата

2. Поетски перформанс Ненад Јолдески

3. Драмска изведба - Седум женски гласови (монолози од гледна точка на седум женски ликови од книжевноста: Медеја, Федра, Лаура на Петрарка, Лолита, Нора, Елизабет на Мери Шели, Аурелија на Нервал)

4. Краток поетски филм проекција

5. Драматизација на расказот Во бујакот на Акутагава (седум монолози)

6. Поетски перформанс читање на поезија од Пабло Неруда на шпански

7. Краток филм проекција; крај на вечерта


Го предлагам ова сценарио како првична скица за распоредот на настаните, со многу потенцирана назнака дека неговата содржина може да се збогатува со повеќе предлози од ваша страна.

Сега, да ви ги објаснам одделно точките од предложената програма.

Сметам дека краткиот вовед во програмата во форма на директно обраќање до публиката не би требало да го изоставиме. Можеби изгледа формално, но може да биде направено игриво и креативно, и секако, да не трае подолго од две минути, а јасно ќе го означи почетокот. Во функција на минималното траење на овој говор, предлагам обраќањето да не се занимава со најавување на самата програма - неа би можеле да ја поделиме на испечатени ливчиња. Значи, на кратко, ова обраќање треба да биде шармантно и кратко Smile Како најсоодветна за оваа улога ја предлагам Ана Голејшка (Ана, пиши ми дали би се нафатила за ова).

Следува поетскиот перформанс на Ненад Јолдески. Тие што беа присутни на Песнило веќе знаат колку магично изгледаат настапите на Ненад и колку е тој вешт во создавање на (во исто време) разиграна и сентиментална поетска атмосфера. Овој перформанс би вклучувал сопствена сценографија.

Потоа ни доаѓа драмската изведба Седум женски гласови (монолози од гледна точка на седум женски книжевни ликови). Идејата за оваа изведба се разви меѓу колегите од четврта година, но колешки од други години можат слободно да се приклучат. Отприлика, се одлучивме за следниве жени: Медеја, Федра, Лаура, Лолита, Нора, Елизабет и Аурелија - може да се предложат и други. Досега, распределени се улогите на Медеја (Бисера Бендевска), Федра (Стефанија Граовац) и Нора (Драгана Левенска). Лично, ја предлагам Јуле Стојаноска за монологот на Лолита - Јуле, што велиш? Smile Монолозите на Лаура, Елизабет и Аурелија се уште се слободни: можете да се пријавите за некој од нив, или да предложите сопствен женски лик од чија перспектива би сакале да говорите. Секој од овие монолози ќе биде изведен од различен женски глас (изведувач) и ќе биде поддржан со соодветна сценографија и реквизити, за коишто дополнително ќе се договориме на пробите.

Следен на листата е краткиот поетски филм. Ова го ставив како предлог поради тоа што Виктор Јованоски ме извести дека можеби нема да биде во состојба да рецитира поезија во текот на вечерта на 27ми, па како замена би можеле да го имаме неговиот глас, придружен со соодветни кадри за кои заедно би се договориле.

Овде, како интермецо кое не го напишав во првичното сценарио што ви го пратив, би предложила читање поезија на француски. Марија Георгиевска, заинтересирана? Ако некој друг исто така слуша француски, нека ме извести.

Потоа, драматизацијата на расказот на Акутагава, Во бујакот. Станува збор за расказ според кој Куросава го снимил својот Рашомон (трејлер). Во оваа драматизација би биле вклучени од четворица до седум студенти, во зависност од интересот. Досега, за овој перформанс пријавен е Милош Б. Андоновски. Заинтересираните за учество ќе добијат своја копија од расказот. Инаку, оригиналниот расказ е раскажан од седум различни гледни точки и го третира случајот на едно убиство.

Следува поетско читање на стихови од Неруда на шпански - за ова би ги предложила Стефан Алиевиќ, Бојана Богдановска и Биљана Цветковска. Во духот на самите стихови на Неруда, убаво би било читањето да биде придружено од гитара (Јана Узунова, можеби?)

Последната филмска проекција би отсликувала една убава компаратистичка дружба. За да ја снимиме, изгледа дека ќе мораме групно да се собереме во Менада Smile

Отприлика, ова е се засега. Предлагам во вторник да се видиме околу 16 ч. на факултет. Тие што не можете да дојдете во вторник, пишете ми до среда кој би сакал директно да учествува во програмата. Немаме многу време, од следната недела мораме да почнеме со проби и договарања за сценскиот изглед.

Извинете за долгава порака...

Се гледаме,
Ана
Back to top Go down
View user profile http://streets-of-dublin.blogspot.com
IvanaT



Number of posts : 3
Registration date : 2011-04-20

PostSubject: Re: 30 години ОКК   Wed Apr 20, 2011 12:27 pm

Следува поетскиот перформанс на Ненад Јолдески. Тие што беа присутни на Песнило веќе знаат колку магично изгледаат настапите на Ненад и колку е тој вешт во создавање на (во исто време) разиграна и сентиментална поетска атмосфера. Овој перформанс би вклучувал сопствена сценографија.
THIS IS SO TRUE!
Дали е прославата од затворен или од отворен тип?
Јас не студирам на вашата катедра но силно би сакала пак да можам да присуствувам на уште еден настап на Ненад Јолдески. Дали е дозволено да приствуваат студенти од други катедри?
Back to top Go down
View user profile
evelynglyn
Admin
avatar

Female Number of posts : 374
Age : 30
Real name : shhh
Registration date : 2008-04-06

PostSubject: Re: 30 години ОКК   Sun Apr 24, 2011 11:38 am

Слободен е влезот за сите кои сакаат да присуствуваат! Smile
Само повели!
Back to top Go down
View user profile http://streets-of-dublin.blogspot.com
IvanaT



Number of posts : 3
Registration date : 2011-04-20

PostSubject: Re: 30 години ОКК   Sun Apr 24, 2011 10:09 pm

Благодарам за информацијата и за поканата Evelynglyn.
Ќе дојдам со неколку пријателки со кои бевме во публиката и на Песнило.
Се надеваме и другите точки од програмата ќе бидат добри како и перформансот на Ненад Јолдески.
Back to top Go down
View user profile
IvanaT



Number of posts : 3
Registration date : 2011-04-20

PostSubject: Re: 30 години ОКК   Fri Apr 29, 2011 9:55 pm

Е сега по сето воодушевување од настанот in live, може и некоја фотографија да ставите овде.
Back to top Go down
View user profile
Sponsored content




PostSubject: Re: 30 години ОКК   

Back to top Go down
 
30 години ОКК
Back to top 
Page 1 of 1

Permissions in this forum:You cannot reply to topics in this forum
 :: Известувања :: Инфо табла-
Jump to: