Ако забележавте, имаме едно ново копче горе во навигацијата: Portal.
Тоа е сега default страницата што се отвора кога ќе напишете komparativna.aforumfree.com, со линк до форумов.
Порталот се појави по препорака на професорот Владимир, затоа што дозволува вмрежување со надворешни сајтови што до сега само со форумот не ни беше достапно. Постовите кои се на средината на порталот се истите од Инфо-табла категоријата што ја имаме на форумов, а подолу има и календар што ќе може да го искористиме за бележење на поважни датуми, како испити, рокови, концерти, филм проекции, итн. (родендените се таму по автоматизам на тие што ги имаат напишано при регистрацијата).
Сите предлози за проширување на листата со линкови, или штобило, пишете ги any time, било каде каде што ќе можам да ги видам.