На 25 јуни 2008, среда, со почеток во 13.00 часот пред споменикот на
св. Кирил и Методиј, на просторот на универзитетскиот кампус помеѓу
Филозофскиот, Правниот и Економскиот факултет ќе се одржи уште еден во
низата настани за одбележување на 40годишнината од студентските и
општонародните протести ширум светот кои се разгореа во 1968мата.
Се разбира, 1968 е само повод; вистинската цел на сите овие настани е
инспирирање и поттикнување на здраво студентско (и не само студентско)
движење кое ќе застане на барикадите и ќе се обиде да промени нешто во
општеството!
Прашањата кои сакаме да ги покренеме се оние кои ги засегаат сите
студенти: укинување на партиципацијата на факултетите кои се
финансираат од државниот буџет; итно преземање на чекори за подобрување
на ситуацијата во која се студентските домови и воопшто подобрување на
студентскиот стандард; трансформирање на универзитетот во автономна
јавна образовна институција на која непосредно ќе одлучуваат
студентите, а не сомнителни студентски сојузи...
Ова е покана до сите оние кои што сметаат дека нешто шкрипи и дека
нешто треба да се преземе во врска со тоа, не само во врска со
студентското живеење, туку воопшто со било кој сегмент на нашето
постоење овде и сега! Можеби ви звучиме идеалистички, но свирка на
факултет, кој веруваше во тоа
?! Сега за сега правиме малку, но
најлошото што може да го направиме, е да престанеме и тоа малку да го
правиме.. и не заборавајте, од 1968 до денес, ниту една мисла не може
да предизвика поголемо тектонско поместување на свеста отколку паролата:
РЕАЛНИ СМЕ, ГО БАРАМЕ НЕВОЗМОЖНОТО!
Затоа, во среда, во 13:00 да застанеме заедно и да демонстрираме свест
за фактичката состојба, совест за сопственото постоење, одговорност за
својата судбина, но најмногу од се – солидарност и поддршка во борбата
за подобар свет!!!
свират: PMG KOLEKTIV
Fighting Windmills
+DJ set на Мирко Попов
преземено од: плагиј.ат
кој доаѓа?