Општа и компаративна книжевност
 
HomeHome  PortalPortal  CalendarCalendar  FAQFAQ  SearchSearch  MemberlistMemberlist  UsergroupsUsergroups  RegisterRegister  Log in  

Share | 
 

 Pomosh? Tekstovi?

Go down 
Go to page : 1, 2  Next
AuthorMessage
Simonia D

avatar

Female Number of posts : 24
Age : 32
Real name : Simona Karanfilova
Registration date : 2008-04-07

PostSubject: Pomosh? Tekstovi?   Thu Apr 10, 2008 12:12 pm

Дечки, никако не можам да си ги најдам текстовите по теорија за односот
лингвистика-стилистика-поетика... Ако има некој од вас кој живее во
Центар, ќе бидам денес во библиотеката Браќа Миладиновци, еве ви и
број: 070/619-722 па ако има некој време, да се најдеме за да ги
ископирам pale Или барем кажете ми од кого беа текстовите, затоа што ни тоа не ми текнува, за да ги побарам во библиотека...
By the way, ова може требаше да оди во Контакти, ама ај... Very Happy
Back to top Go down
View user profile http://www.puella-pia.deviantart.com
Viktor Jovanoski



Number of posts : 319
Registration date : 2008-04-07

PostSubject: Pomosh? Tekstovi?   Thu Apr 10, 2008 12:22 pm

Имаме само еден текст за лингвистика-стилистика-поетика и тој ни е од Зденко Лешиќ. Е сега не знам како би ти го доставиле. До пред пет минути бев сигурен дека ќе одам на факултет, но, како што пред малку бев известен, многу веројатно ќе сме немале час. Ако имаш некое решение - пиши.
Back to top Go down
View user profile
Viktor Jovanoski



Number of posts : 319
Registration date : 2008-04-07

PostSubject: Pomosh? Tekstovi?   Thu Apr 10, 2008 4:32 pm

Добро, Симона, текстот од Лешиќ ти е доставен во библиотеката на портирница (ако така се вика тоа што се наоѓа лево од главниот влез). Со оглед на фактот што човекот што е задолжен за членските карти те познаваше ја оставив кај него и тој рече дека или ќе ти го даде тебе кога ќе отидеш (зашто јас кога бев тебе те немаше таму) или ќе му го даде на твојот колега (претпоставувам мислеше на Дејан).
Back to top Go down
View user profile
Jule

avatar

Number of posts : 198
Age : 29
Registration date : 2008-04-08

PostSubject: Re: Pomosh? Tekstovi?   Thu Apr 10, 2008 7:07 pm

koga sme vekje kaj pomozh i tekstovi...

Sosir treba?
Back to top Go down
View user profile http://cheeesy.deviantart.com/
evelynglyn
Admin
avatar

Female Number of posts : 374
Age : 30
Real name : shhh
Registration date : 2008-04-06

PostSubject: Re: Pomosh? Tekstovi?   Thu Apr 10, 2008 9:02 pm

не треба Сосир, делот за јазик и знак ќе влезе во вториот колоквиум.
сега за сега, треба само текстот од Лешиќ за лингвистика, стилистика и поетика (тој што го зборат погоре).

уште една работа што не треба за овој колоквиум е односот книжевност/книжевна наука - антропологија...
Back to top Go down
View user profile http://streets-of-dublin.blogspot.com
evelynglyn
Admin
avatar

Female Number of posts : 374
Age : 30
Real name : shhh
Registration date : 2008-04-06

PostSubject: Re: Pomosh? Tekstovi?   Fri Apr 11, 2008 1:32 am

од истиот текст на лешиќ,

ако некој го разбира последниот дел за поетиката, нека пише. после 2 пати губење концентрација, изгубив живци.
Back to top Go down
View user profile http://streets-of-dublin.blogspot.com
Simonia D

avatar

Female Number of posts : 24
Age : 32
Real name : Simona Karanfilova
Registration date : 2008-04-07

PostSubject: Re: Pomosh? Tekstovi?   Fri Apr 11, 2008 10:55 am

Виктор, фала!!! Бев таму, само немав оставено членска. Сеедно, го добив текстот.
Не треба Сосир?! Ништо од него?
sunny
Што се однесува до Лешиќ...следен ми е на листата, па ќе видиме.
Back to top Go down
View user profile http://www.puella-pia.deviantart.com
Viktor Jovanoski



Number of posts : 319
Registration date : 2008-04-07

PostSubject: Pomosh? Tekstovi?   Fri Apr 11, 2008 12:42 pm

За Ана: Не знам точно од каде не ти е јасно, но ќе претпоставам дека тоа е делот што и мене не ми беше јасен пред да го препрочитам (делот за кој, впрочем, вчера дискутиравме со нашиот драг колега кој нема интернет за да ни се приклучи на форумов - not naming any names). Значи, во основа врската меѓу проучувањето на книжевноста и лингвистиката може да се разгледува низ две бинарни опозиции кои ги поставува швајцарскиот лингвист (as I've said - not naming any names):

а) синхронија <--> дијахронија
б) langue <--> parole

Претпоставувам дека првото е јасно. За второво: langue претставува апстрактен збир од јазични правила, норми кои постојат во психата на поединецот, а parole конкретна реализација на истите тие норми; langue е она што поединецот го усвојува кога учи некој јазик, она што, всушност, може да се научи, а parole е извршната страна на јазикот, конкретното реализирање на јазичните правила во одреден момент. Накратко langue е јазикот како систем, parole самиот говор.

Продолжува...
Back to top Go down
View user profile
Viktor Jovanoski



Number of posts : 319
Registration date : 2008-04-07

PostSubject: Pomosh? Tekstovi?   Fri Apr 11, 2008 12:42 pm

Швајцарецот како предмет на лингвистиката го определува langue зашто смета дека parole е премногу сложен психички феномен кој опфаќа и толку разнолики аспекти што не може да биде предмет на една наука. Баји, сепак, тргнува кон анализа токму на тие аспекти и истите ги нарекува афективни и евокативни делови на јазикот. Неговите следбеници ги ословуваат со терминот експресивни - овие би ги опфаќале двете претходно споменати, односно се она што го содржи една јазична порака без притоа да влијае на информацијата што се носи. И тука е поврзувањето со книжевноста - слично како и при говорењето, и при создавањето на книжевните дела, јазичната информација се збогатува со низа јазични средства (ритам, емфаза, еуфонија, евокативни елементи...) Баји сметал дека книжевноста не спаѓа во проучувањето на науката што тој ја востановува проучувајќи ги експресивните аспекти на јазикот зашто овде јазичните средства се употребуваат свесно. Неговите ученици не се согласуваат: токму поради тоа што се употребуваат јазичните средства свесно во книжевноста, таа треба да се проучува. Како што вели Рене Велек: јазичното проучување станува книжевно кога ќе почне да ги проучува естетските елементи т.е. оние елементи на јазичната порака што се нејзина, како што вели Јакобсон, differentia specifica.

Продолжува...
Back to top Go down
View user profile
Viktor Jovanoski



Number of posts : 319
Registration date : 2008-04-07

PostSubject: Pomosh? Tekstovi?   Fri Apr 11, 2008 12:43 pm

Тоа би значело дека основното прашање што стилистиката на Баји, при преминот на книжевно поле, треба да го постави е: што е она што една вербална порака ја претвора во уметничко дело? Со други зборови: што е она што ни кажува дека реченицата Моите нозе го допираа асфалтот измиен од движењето на автобуските тркала е уметничка наспроти реченицата Чекав на автобуската станица. Јакобсон, книжевната стилистика (бидејќи е различна од обичната стилистика) ја ословува со името поетика, што не навраќа на тој некојси Шпери (стр. 57) кој вели дека науката за книжевноста ја наоѓа својата вистинска суштина во критиката на стилот. Лешиќ вели дека токму тука се гледа дека и книжевната стилистика и поетиката се обидуваат да се идентификуваат со книжевната критика (која е пред се, субјективна).

Токму затоа, како што заклучува текстот на Лешиќ, ако Баји сметал дека стилистиката е наука (што и е) бидејќи ги проучува оние аспекти на јазикот што може да се класифицираат, книжевната стилистика не може да биде таква, зашто никој со сигурност не може да одреди кои елементи од првата реченица ја одликуваат со естетизам во однос на втората (на крајот на краиштата, и реченицата Чекав на автобуската станица може да стане дел од некој роман и да биде уметничка во соодветниот контекст).

Се гледаме на англиски.


Last edited by Viktor Jovanoski on Fri Apr 11, 2008 5:53 pm; edited 1 time in total
Back to top Go down
View user profile
evelynglyn
Admin
avatar

Female Number of posts : 374
Age : 30
Real name : shhh
Registration date : 2008-04-06

PostSubject: Re: Pomosh? Tekstovi?   Fri Apr 11, 2008 12:50 pm

благодарам, драг колега cheers

делот кога се појави книжевната критика се измешав, ама сега ми е јасно.
патем, тоа со швајцарецот ти беше многу добро.
Back to top Go down
View user profile http://streets-of-dublin.blogspot.com
bojana

avatar

Female Number of posts : 44
Age : 31
Real name : Bojana
Registration date : 2008-04-07

PostSubject: Re: Pomosh? Tekstovi?   Fri Apr 11, 2008 5:48 pm

Fala Ana za upatstvoto deka tuka mozam da si prveram se sto ne mi e jasno za teorija. Ne znaev deka vsusnost Viktor drzi tuka privatni casovi Very Happy . By the way, Viktor super go objasni vece gorenavedeniot problem, thanks.
Back to top Go down
View user profile
prjateca
Guest



PostSubject: lewnik   Fri Apr 11, 2008 8:25 pm

zdravo zivo.
bidejki ne stignav da ja pratam prezentacijata do tie wo ja baraa, a gledam deka imat nekoi interesiranje baw za taa tema ke se obidam da sintetiziram.
imeno, toa wto treba da se znae od tekstot na Lewic e:
-deka lingvistikata proucuva sinhrono/simultano/opisno dodeka teorijata na knizevnosta proucuva dijahroniski/sukcesivno
lingvistikata se stremi da go opiwe jazikot kakov wto e vo momentot dodeka go proucuva. ne zainteresirana za istoriskiot razvitok preku koj se dobila momentalnata sostojba
teorijata pak proucuva sukcesivno, t.e. mora da bide svesna za poetickite konvencii koi i prethodele na momentalnata knizevna situacija. ova e taka poradi slozenite vrski prisutni vo knizevnosta(genetsko-kontaktni vrski, intertekstualnost, ti rekov, mi rece)
-deka lingvistikata stanuva stilistika koga pocnuva da raboti na le parole(objasnat pogore od kolegava)
-predmet na stilistikata pak e nacinot na organiziranje na verbalnite poraki, ti rekov, mi rece,
Bai stanal svesen deka proucuvajki go stilot treba da go zeme predvid i posebnoto koristenje na jazikot vo ramkite na umetnosta(prvenstveno negoviot interes bil nasocen kon ziviot govor), pa proucuvanjeto se prowirilo i na upotrebata na jazikot za sozdavanje umetnost
-se pojavil Roman jakobson i rekol: predmet na poetikata e da odgovori na prawanjeto:Wto e toa wto ja cini verbalnata poraka umetnicka. i bi poetika.

Lingvistikata go proucuva jazikot kako sistem od znaci za opwtenje, stilistikata gi proucuva nacinite na izrazuvanje(logicki,emotiven, afektiven diskurs), a poetikata ja proucuva estetskata dimenzija na edna verbalna poraka


se nadevam deka se oddolziv na nekoj nacin kon tie na koi ne im ja isprativ domawnata, a mi ja pobaraa. ova se osnovnite parametri od moeto citanje na Lewika
pozdrav
Back to top Go down
Jule

avatar

Number of posts : 198
Age : 29
Registration date : 2008-04-08

PostSubject: Re: Pomosh? Tekstovi?   Fri Apr 11, 2008 10:53 pm

tipovi na znachenje i intermedijalni relacii treba?
Back to top Go down
View user profile http://cheeesy.deviantart.com/
Viktor Jovanoski



Number of posts : 319
Registration date : 2008-04-07

PostSubject: Pomosh? Tekstovi?   Sat Apr 12, 2008 1:18 am

Се надевам не доцни многу одговоров - интермедијални релации треба, но типови на значење - не!
Back to top Go down
View user profile
Jule

avatar

Number of posts : 198
Age : 29
Registration date : 2008-04-08

PostSubject: Re: Pomosh? Tekstovi?   Sat Apr 12, 2008 1:36 am

jea, lekcija pomalku!!! Very Happy... ako da uchev do sea neshto pa ova deka kje mi smeni... Very Happy... nema veze... fala viktorche, kje se potrudam da se nateram da naucham nekoja lekcija Wink
Back to top Go down
View user profile http://cheeesy.deviantart.com/
Eldritch

avatar

Male Number of posts : 61
Age : 36
Real name : 2м0r3
Registration date : 2008-04-08

PostSubject: Re: Pomosh? Tekstovi?   Sat Apr 12, 2008 2:18 pm

Колоквиумов беше "боза". :-}
Back to top Go down
View user profile http://www.ivanstojanovski-eldridzh.blogspot.com/
MaC

avatar

Male Number of posts : 21
Registration date : 2008-04-12

PostSubject: Re: Pomosh? Tekstovi?   Sat Apr 12, 2008 3:37 pm

PA KAJ STE KOLEGI !?!?!?!

Kako pominavte denes na kolokviumot?!

Se nadevam vi nedostasuvam hehe lol!

Pozzzzz do site Laughing
Back to top Go down
View user profile
Jule

avatar

Number of posts : 198
Age : 29
Registration date : 2008-04-08

PostSubject: Re: Pomosh? Tekstovi?   Sat Apr 12, 2008 4:29 pm

rili, boza...
epten mi e krivo shto ne uchev... pale

...aj i ispitot valjda kje bide vo ovoj stil tongue
Back to top Go down
View user profile http://cheeesy.deviantart.com/
evelynglyn
Admin
avatar

Female Number of posts : 374
Age : 30
Real name : shhh
Registration date : 2008-04-06

PostSubject: Re: Pomosh? Tekstovi?   Sat Apr 12, 2008 7:42 pm

да мац, ни недостигаш rendeer
зошто не идеш на часови нешто во последно време? да не најде работа?
Back to top Go down
View user profile http://streets-of-dublin.blogspot.com
MaC

avatar

Male Number of posts : 21
Registration date : 2008-04-12

PostSubject: :D   Sat Apr 12, 2008 8:50 pm

Neee Ana, ne najdov rabota ali me fati nekoj krizen period... se nadevam ke me projde naskoro Razz

A bre stvarno Makedonski jazik popraven ispit 1 imame sega ovoj vtornik vo 11:20?!
Mene nekoj mi kaza deka ke ni bil na 20ti april?!!

Pozzzzz Wink
Back to top Go down
View user profile
evelynglyn
Admin
avatar

Female Number of posts : 374
Age : 30
Real name : shhh
Registration date : 2008-04-06

PostSubject: Re: Pomosh? Tekstovi?   Sat Apr 12, 2008 10:37 pm

да, овој вторник од 11:20 (терминот за вежбите) е поправниот за сите што го немаат положено Современ македонски 1.

и латински имаме истиот ден, од 14:40...
Back to top Go down
View user profile http://streets-of-dublin.blogspot.com
Simonia D

avatar

Female Number of posts : 24
Age : 32
Real name : Simona Karanfilova
Registration date : 2008-04-07

PostSubject: Re: Pomosh? Tekstovi?   Sun Apr 13, 2008 12:43 am

Сериозно... како беше?
Јас... се успав... Sad
Back to top Go down
View user profile http://www.puella-pia.deviantart.com
evelynglyn
Admin
avatar

Female Number of posts : 374
Age : 30
Real name : shhh
Registration date : 2008-04-06

PostSubject: Re: Pomosh? Tekstovi?   Sun Apr 13, 2008 1:21 am

уф...
штета.

не беше тежок колоквиумот, иако имаше доста за пишување... се` на се` беа 8 прашања, имаше за реторика (видови, постапки, ентимема), за културални студии и по 2 прашања за интермедијалните и интердисциплинарните односи на книжевноста; многу слично на домашните што ги имавме. за лингвистика, стилистика и поетика немаше апсолутно ништо, значи кога рече професорката дека Сосир не треба, воопшто не требал Smile
Back to top Go down
View user profile http://streets-of-dublin.blogspot.com
Simonia D

avatar

Female Number of posts : 24
Age : 32
Real name : Simona Karanfilova
Registration date : 2008-04-07

PostSubject: Re: Pomosh? Tekstovi?   Sun Apr 13, 2008 1:38 am

:sigh:
Здравје. Ќе се тешам со саемот, некако. Very Happy
Претерувам, знам. Very Happy
Back to top Go down
View user profile http://www.puella-pia.deviantart.com
Sponsored content




PostSubject: Re: Pomosh? Tekstovi?   

Back to top Go down
 
Pomosh? Tekstovi?
Back to top 
Page 1 of 2Go to page : 1, 2  Next

Permissions in this forum:You cannot reply to topics in this forum
 :: I година :: Теорија на книжевноста-
Jump to: