evelynglyn Admin
Number of posts : 374 Age : 35 Real name : shhh Registration date : 2008-04-06
| Subject: temi za kolokvium - I Wed Oct 28, 2009 6:21 pm | |
| Многу се извинувам што доцнам 2 дена со поставувањето на темите, некои непредвидени хаварии резултираа со моето немање пристап до интернет. Конечно, еве ги темите кои ги запишавме со професорката Лидија:
- Општи одлики на Романтизмот (појава, Романтизам наспроти Класицизам, теми од интерес, теориско-поимско рамниште)
- Русо (концептот на благородниот дивјак и идејата за навраќање кон сочувството, размислувањата за совршено општество)
- Шатобријан (романите Атала и Рене, светската болка кај ликот на Рене која може да се спореди со онаа на Гетеовиот Вертер)
- Гете - Страданијата на младиот Вертер (роман) и Виленскиот крал (балада)
- Блејк (поетиката, фигурите на јагнето и тигарот)
- Биргер - Леноре (темата на мртвата сакана)
Што се однесува до петтата точка - поетиката на Блејк, се уште немаме дискутирано за неговата митологија, но во четврток Виктор ќе ја доврши презентацијата и се ќе се разјасни. | |
|