Пет Англичани, двајца Германци, двајца Руси и двајца Французи - тоа се националностите на единаесетте автори потребни да се прочитаат и разработат за успешно полагање на овој колоквиум. За потсетување:
ГЕРМАНИЈА
Јохан Волфганг фон Гете - Фауст
Фридрих Хелдерлин - имате две книги: Диотима (на македонски) или Kruh i vino (на хрватски); песната што е избрана за наслов на вторава е особено битна: преведена е и на македонски и претпоставувам ги имате двата преводи; за појаснување на творештвото на Хелдерлин од помош би требало да ви бидат текстовите на Хајдегер и Миодраг Павловиќ: првиот превосходно опишувајќи го Хелдерлин како Пoет за Поетите и Поезијата, а вториот зборувајќи за Хелдерлин како за Ганимед...
РУСИЈА
Александар Сергеевич Пушкин - Цигани
Михаил Јурјевич Лермонтов - Демонот
ФРАНЦИЈА
Виктор Иго - имате два избора на македонски: Екстази и бездни и Контемплации;во основа, работевме песни по наш избор, а и професорката рече дека овде немаме обврзни песни; сепак, вреди попатно да ја прочитате и песната Она што го вели устата на мракотво препев на Влада Урошевиќ (се наоѓа во Чуда и чудовишта);
Жерар де Нервал - неколку песни од раниот период и Химерите: сите, заедно со пропратен есеј и летопис за животот, можете да ги најдете во Златната книга на француската Поезија
АНГЛИЈА
лорд Џорџ Гордон Бајрон - Каин и Манфред; двете ги имаме на српски; Манфред (одново нецелосен) го има и на македонски во препев на Георги Сталев во книгата Стихови од Бајрон; како и за сите подолу наведени Поети, биографија, избор од песни и краток осврт кон нивното творештво можете да најдете во Antologija engleske romantičarske Poezije приредена од Ранка Куиќ
Вилијам Вордсворт - Повторна посета на опатијата Тинтерн (ја има на македонски, во препев на Драги Михајловски, во Нераспнати богови) и Ода на бесмртноста (Antologija engleske romantičarske Poezije) се двете песни на кои треба да се обрне најмногу внимание; за вторава, анализа има и во Umetnost tumačenja Poezije (212-242), предавањето на Бисера - кое покрива добар дел од овие теми - можете да го спуштите овде и овде.
Семјуел Тејлор Колриџ - Кублај хан и Песната за стариот морнар; и двете ги има во Antologija engleske romantičarske Poezije; првата ја има и во Нераспнати богови, придружена од еден брилијантен компаратистички есеј во авторство на Драги Михајловски; анализа на Песната за стариот морнар има во Umetnost tumačenja Poezije (151-194)
Перси Биш Шели - На чучулигата и Ода на западниот ветер; и двете ги има во Antologija engleske romantičarske Poezije; втората ја има на македонски во Нераспнати богови, а На чучулигата (во препев на Гане Тодоровски) во копијата што ни ја даде професорката (не знам од каде); за првата анализа во Umetnost tumačenja Poezije (252-265)
Џон Китс - Ода на славејот и Ода на грчката урна; и двете се присутни во Антологијата на Ранка Куиќ; втората ја има во Нераспнати богови, првата (во препев на Огнен Чемерски) во еден број на Просветен живот; за првата анализа има во Umetnost tumačenja Poezije (283-305)
За сите пет погоре спомнати Поети и нивните песни, осврти и анализи има и во Istorija engleske književnosti на Душан Пухало.