evelynglyn Admin
Number of posts : 374 Age : 35 Real name : shhh Registration date : 2008-04-06
| Subject: Nagraden konkurs - Blazhe Koneski Fri Nov 06, 2009 1:22 am | |
| Филолошки факултет "БЛАЖЕ КОНЕСКИ" на Универзитетот "Св. Кирил и Методиј" во Скопје распишува НАГРАДЕН КОНКУРС за наградата "Блаже Конески" за есеј на тема (една, по избор):
- Јазикот - културата - општеството „Кој вели човек вели јазик, кој вели јазик вели општество" Клод Леви Строс
- „Јазикот коски нема, коски крши"
- Традицијата и литературата, дијалог меѓу претците и потомците
- Литературата - глас на времето, судија на времето...
На Конкурсот имаат право да учествуваат сите студенти на додипломски студии на Филолошкиот факултет. Трудовите треба да бидат во форма на есеј и да изнесуваат од 7 до 10 компјутерски страници со големина на буквите 12 и проред 1,5 (од 28 до 30 редови на страница). Трудовите се предаваат во 3 примероци во Архивата на Факултетот, под шифра (која не смее да асоцира на името и презимето на авторот), Авторството се докажува со четвртиот примерок. Трудовите треба да бидат напишани на македонски јазик со кирилично писмо. Конкурсот трае од 5.11.2009 до 4.12.2009 година. Жирито ќе ги додели следните награди:
- Прва награда- во изное од 12.000,00 денари
- Втора награда- во износ од 8.000,00 денари
- Трета награда -во износ од 6.000,00 денари
Резултатите од конкурсот ќе бидат објавени на 15.12.2009 година на огласната табла на Факултетот, а наградите ќе бидат врачени при одбележувањето на патрониот празник на Филолошкиот факултет "Блаже Конески" во Скопје. | |
|