Благодариме, татко наш компаратистички! Штотуку најдов еден препев на Бодлер на шпански (или на португалски) и иако не разбирам апсолутно ништо (добро, разбирам по малку) добро е да се има во колекцијата уште една копија на Цвеќињата на злото. Патем името на препејувачот е Карлос Пујол. Случајно да не е запознаен некој со овој скриен талент на истоимениот фудбалер? (претпоставувам дека овде, како и по завршокот на повеќето реченици од овој краток текст, очекувате да стои едно од многуте чудни жолти суштества што моментално се забавуваат од мојата лева страна; е, па нема!)