Како што знаете, романот Крале Марко на Слободан Мицковиќ е инспириран од петте песни на Конески што го оформуваат циклусот за Крале Марко. Овде може да најдете четири од нив (недостасува само Кале). Моја препорака е прво да се прочитаат песните, потоа критичкиот текст на авторот (лоциран на самиот крај на книгата) и, конечно, на крајот, самиот роман. Така всушност изгледа и реалната хронологија на нивното создавање. Од друга страна, пак - да бидам искрен - мене ми беше речиси невозможно да го читам романот после циклусот на Конески...