еве јуле, го сменив топикот во
постари домашни, во обид да го избегнам терминот
заостанати... океј е?
мк поддршка не може да се употребува во насловите и во никовите (а и на чет го скратува максимумот на буквите во еден ред, ко на ласт.фм слично), на други места секаде може.
за теорија, семинарските треба негде до крајот на месецот да бидат предадени, што претпоставувам значи после велигденскиот распуст... почеток на мај фаќа отприлика.
а домашни овој семестар имавме само по хеленска и по теорија, со тоа што латински секогаш можеш да преведеш било кој текст или реченици од скриптата и да ти се рачунаат во бодовите за домашно (кои инаку остануваат празни).
за хеленска, колку што знам, имавме само 3 домашни во овој семестар:
- Платон (општо, или анализа на посебни целини и фрагменти од
Политеја 2, 3, 10 глава и дијалогот
Ион)
- Полемиката меѓу Аристотел и Платон (редефинирање на мимесисот, творешкиот процес, поетот, итн.;
Политеја и
Ион вс.
Поетиката на Аристотел)
- Прикованиот Прометеј (трагичниот лик според тезата на Аристотел од
Поетиката или којбило аспект на драмата)
ако имаше уште нешто нека ме надополни некој... за Орестија мислам дека немавме никакво домашно.
теорија:
- говор (според моделот на Филипиките на Демостен; политички, судски или свечен)
- интердисциплинарниот однос меѓу книжевната наука, психологијата и филозофијата
- интердисциплинарниот однос меѓу книжевноста, психологијата и филозофијата (текстот на Јунг, на Олсен)
- интермедијални односи: двојни автори
веројатно и нешто плус што не ми текнува сега...