Здраво.
Конкурсот излегува подоцна, накај октомври/ноември. Знам ние лани се изначекавме додека да го објават. Инаку апликацијата ја има на сајтот http://www.raspredelba.gov.mk
Ќе ти треба и државјанство и извод од матична книга на родени. Инаку износот го префрлуваат на картичка дури по Нова година.
Во моментов се` што може да се направи е да ги подготвите документите, заедно со тие што ви требаат од факултет (потврда за редовен студент и уверение за положени испити - молбите за овие ги пишувате на табак со маркица и ги оставате на студентски прашања), и да извадите трансакциска сметка од банка, во случај да немате. И потоа само да проверувате на сајтот.
Што се однесува до просекот, мислам дека нема да претставува голем проблем. Дури и во случај да не влезеш во првиот список, имаш право на поднесување жалба, па дополнително ќе бидеш известен за конечната одлука - најверојатно позитивна. Имаше во нашата генерација еден таков случај и откако поднесе жалба му одобрија стипендија.
Прочепкајте по форумов, има една тема од лани кога ние дигавме паника околу „доцнењето“ на конкурсот =)
И секако - многу среќа!