Поради тоа што утре - 15.09.2009 година - ќе се обединат бруцошите од сите факултети на еден заеднички час во салата „Борис Трајковски“, настава за оние од останатите години ќе нема. Истото важи и за среда, кога професорите имаат закажано наставнички совет. Имајќи го предвид изгледот на прелиминарните распореди од сите години (со исклучок на оној за прва) - како што напомна професорот Владимир денес - голема е веројатноста со активна настава да се почне дури во вторник (понеделник, како државен празник, е неработен). Студентите од трета година, сепак, ќе мораат да се појават на информативен разговор со професорката Лидија Капушевска-Дракулевска во четврток во 11:30h, кога, во основа, ќе треба да се договориме со неа за распоредот и изгледот на програмата на (повеќе или помалку) новововедниот предмет Македонска книжевност во компаративен контекст.