Министерството за образование и наука ги известува сите студенти кои се избрани на конечниот список, дека договорот за студентски кредит и образецот за обврска на жирантите се поставени во делот за потребни документи (Образец за "Договор за студентски кредит", 2009 година). Договорот за студентски кредит потребно е да се испечати во три еднообразни примероци, да се пополни од страна на студентот и заедно со фотокопија од трансакциска сметка, образец за обврска на жирантите, непополнета меница од 100 денари и индекс на увид да се достави до Министерството за образование и наука, ул. Мито-Хаџивасилев бб – Скопје (зграда на поранешна НИП Нова Македонија), секој работен ден од 28.09.2009 до 02.10.2009 година, од 09.00 до 15.00 часот.