Jule
Number of posts : 198 Age : 34 Registration date : 2008-04-08
| Subject: Promocija na knigata ,,GLAD" od Knut Hamsun i filmski ciklus ,,Hamsun na film" Thu Nov 26, 2009 8:08 pm | |
| Почитувани, од 25 - 30. 11.2009 Кинотеката на Македонија во соработка со Амбасадата на Кралството Норвешка ќе ја одбележи 150 годишнината од раѓањето на нобеловецот Кнут Хамсон. Во овој период Кинотеката ќе прикаже 6 филмови, односно 5, реализирани според литературните дела на овој истакнат норвешки писател, а еден од филмовите е филмувана биографија на овој контроверзен автор. Филмовите се реализирани во различен временски период, така што имаме еден филм од немиот период (се работи за филмот РАСТЕЊЕ НА ЗЕМЈАТА 1921 год. снимен според новелата за која Хамсун и ја добил Нобеловата награда), а потоа ГЛАД од 1966 год. и современи филмови од мината и оваа деценија.
На 25-ти во 19.00 часот, овој циклус ќе започне со промоција на книгата ГЛАД која е дел од проектот НОБЕЛОВЦИ на Министерството за култура на РМ, а со пригодни обраќања ќе истапат министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска и амбасадорот на Норвешка во Македонија Н.Е. Кјетил Паулсен, по што ќе се продолжи со проекција на истоимениот филм.
Филмовите се со превод на македонски и англиски јазик. Филмската програма ќе биде прикажана и во Центарот за Балканска соработка Лоја во Тетово ( 11 - 16 12 2009), во НУЦК Марко Цепенко во Прилеп (21 - 27 12. 2009) како и во Струмица, во соработка со Тивериополската филмска алијанса.
>>ПРОГРАМА<< | |
|