Драмата Последната лента на крап на Семјуел Бекет, во изведба на Градски театар Скопје и режија на Ристо Алексовски, ќе биде поставена во МКЦ на 1-ви декември (вторник) со почеток од 20 часот.
Вака изгледа официјалната покана:
Прогласена за една од најавангардните пиеси во Македонија, театарската
претстава Последната лента на Крап се бави со потрагата на вистинскиот
идентитет, стариот кловн Крап во навечерието на неговиот живот ги
изживува последните минути на свесност, прашувајќи се за смислата на
неговото егзистирање. “Сам меѓу сите, ситуација во која никој со никој
не се разбира, никој со никој не се гледа, никој со никој не сака да се
види. Стравот од се, се сведува на простата потреба да бидам тоа што
сум. Иронијата на самата ситуација во која сме принудени да земеме
учесто е дека во финалната права ние единствено го бираме инструментот,
начинот и егзекуторот на нашата смртна пресуда".
Автор | СЕМЈУЕЛ БЕКЕТ
Режија | РИСТО АЛЕКСОВСКИ
Игра | Крап - ЗЛАТКО МИТРЕВСКИ
Музика | ЗОРАН МИТЕВСКИ
Продукција | ГРАДСКИ ТЕАТАР СКОПЈЕ
Извршен продуцент | ГОРЈАН ДОНЕВ
Не би било лошо барем ние од трета година (а секако добредојдени се и сите останати) да се собереме и групно да ја погледнеме претставава, одлично ќе ни се поклопи со тоа што во моментов го учиме по Поетика на фикција - аспекти на драмата разгледани врз творештвото на Бекет.