Само официјално да изјавам дека јас го обожавам авторот на претходната порака: место ние да те известуваме тебе, ти нас, Јакимска (се мисли на практично сите пораки напишани во текот на последниот час од вчерашниот ден).
За Политика и поетика немаме ништо посебно назначено, така што - би ти препорачал да си читаш со ред. Претпоставувам дека за препрочитување на Процес нема да имаш време, но за такво нешто чинам и нема потреба, зашто иако во наредната, шеста глава од Кафка се расправа најмногу за неа, издвоени се неколку клучни места на кои сигурно се сеќаваш; од друга страна, претпоставувам дека лесно ќе најдеш време за сите останати раскази (до крајот на програмата) од причина што се кратки (со исклучок на Јазбина, но тој не верувам дека ќе стигнеме да го работиме утре). Да не должам многу: доколку ги имаш прочитано расказите до Изградбата на кинескиот ѕид, ќе ти бидат доволни најмногу два часа за да ги прочиташ уште Сон (194-197) и Уметникот во гладување (346-357; од кого, веројатно, ќе ти недостасуваат почетните две страници) за да бидеш со сигурност обезбедена за понеделник.