Според заедничкиот договор со професорката Лидија, нашите четврточни средби овој месец ќе им бидат отстапени на колегите кои веќе ги изработиле своите индивидуални проекти и кои на овој начин ќе го завршат испитот по овој предмет.
Бидејќи Мицески минатиот четврток го имаше своето експозе за Веда Словена, ни останува уште да ја слушнеме Слаѓана на 17. 12 со нејзините размислувања за Славко Јаневски.
Наредниот четврток, 24. 12, регуларниот термин по Македонска книжевност ќе ни биде заменет со час по Фантастичен расказ, на кој ќе го имаме задоволството да го слушаме предавањето на Влада Урошевиќ за Гогољ.