Конечно да ја отвориме и оваа категорија.
Претпоставувам дека на сите што ја фотокопираа денес Медеја им недостасува првата страница (т.е. 31 стр.). И бидејќи мене ми ги поремети малку плановите во однос на читањето нејзиниот недостаток, а со оглед на фактот што нема многу, еве го целиот текст:
ПРОЛОГ
Дејството се одвива пред палатата на Јасон и Медеја во Коринт. Дадилката, загрижена, излегува од палатата.
ДАДИЛКАТА
Да не стаса, еј, тогаш Арго в земјана
Колхида, преку црни Симплегади в лет,
кај Пелиј в лаг бор сечен да не паднеше,
ни весла први мажи да не фатеа,
по руни златно Пелиј што ги испратил,
И покрај ова има и една малку подолга белешка која ја објаснува митолошката подлога, односно митот за Јасон и Аргонаутите (ако некому му треба, кажете, ќе ја пишам и неа). Другите страници би требало да ги има, само малку се измешани. Не разгледав се, но во секој случај, ја оставив Медеја резервирана во универзитетска библиотека, па ако фали уште нешто, нема да биде проблем фотокопирањето. На истиот број - 73 - е резервирана и Хиполит. Доколку некој има потреба.