Идни поети - Волт Витман (1860)
Идни поети! оратори, пејачи, музичари идни!
Овој ден не ќе ме оправда и зошто сум не ќе одговори;
Но вие, ново поколение, родно, атлетско, континентално,
поголемо од порано познатите,
Дигнете се - зашто вие мора да ме оправдате.
Самиот јас пишувам еден или два од показните
зборови за иднината,
Јас напредувам само еден момент, за да се свртам и
повјасам назад во темнината.
Јас сум човек кој, лутајќи наоколу, без наполно
да запре, случајно погледнува во вас, а потем
си го свртува лицето,
Оставајќи ви вам да го докажете и дефинирате,
Очекувајќи ги главните работи од вас
Препев на Иванка Ковилоска - Поповска