Оваа страница е една од најубавите страници на кои сум налетал на интернет: како што се вели уште на почетната страница, таа овозможува пристап до сосема веродостојна архива од повеќе од илјада академски списанија и публикации и располага со одлична алатка за пребарување. За несреќа, идејата на истата е пристапот да им биде овозможен само на студенти на одредени факултети и членови на ограничен број на библиотеки низ светот. За среќа, постојат студенти кои ги споделуваат своите информации и оттука ни овозможуваат и нам пристап до jstor.org. Кликнете Login (горе-десно) и внесете го следново на соодветните места:
username: utdt1
password: vtcjpzZK
И - пријавени како студент на аргентинскиот универзитет Торквато ди Тела (или нешто слично) - ќе можете слободно да уживате во архивата на jstor.org. Нема да можете само да ги зачувувате текстовите, но, ќе можете во секое време, во целост да ги исчитувате.