Драги колеги и колешки што треба да запишувате петти семестар - поради она што е погоре напишано - во продолжение ќе ви ги запишам предметите што веројатно ќе можете да ги изберете за следната година:
1. Македонска книжевност во европски контекст (со проф. д-р Лидија Капушевска Дракулевска); со 3 (2+1) часови неделно;
2. Естетика (со проф. д-р Иван Џепароски); со 2+0 часови неделно;
3. Поетика на (не)вдоменоста (со проф. д-р Елизабета Шелева); со 2+0 часови неделно;
4. Политика и поетика (или: Кафка; со проф. д-р Славица Србиновска); со 2+0 часови неделно.
Не сум многу сигурен како функционира овој дел од наставата, но, од некоја причина, мислам дека треба да изберете три од овие четири. Исто така, имајте предвид дека 1 и 2 се двосеместрални, така што, ако ги изберете во петтиот, ќе морате да продолжите со нив и во шестиот семестар. Оние што слушаат некој јазик под Б, мислам дека немаат потреба да избираат додатни предмети.