Would you like to react to this message? Create an account in a few clicks or log in to continue.

Општа и компаративна книжевност
 
HomeHome  PortalPortal  Latest imagesLatest images  SearchSearch  RegisterRegister  Log in  

 

 Ispit

Go down 
4 posters
AuthorMessage
Viktor Jovanoski




Number of posts : 319
Registration date : 2008-04-07

Ispit Empty
PostSubject: Ispit   Ispit EmptyMon May 17, 2010 5:23 pm

Едно известување по однос на материјалите за подготовка на испитот: од книгата на Умберто Еко - Граници на толкувањето - потребно е да се исчитаат првите пеесет страници. Во четврток, патем, ќе донесеме три книги кои професорката ни ги даде денес за исчитување (Штанцл, Хенри Џејмс [неговата книга можете да ја најдете и овде] и една хрестоматија од текстови врзани со теоријата на рецепција), но - иако е пожелно финансиски да се подготвите - не грижете се: нема да биде неопходна ниту една од книгите за сега, иако трите се чинат нужни за секој посериозен компаративец.
Back to top Go down
ana n.

ana n.


Female Number of posts : 48
Age : 36
Real name : Ana
Registration date : 2008-05-07

Ispit Empty
PostSubject: Re: Ispit   Ispit EmptyWed Jun 09, 2010 4:15 pm

decki za teorija na dramskata situacija i dramskiot tekst kade ima??? a i koga polagame, na 15 bese neli?
Back to top Go down
Viktor Jovanoski




Number of posts : 319
Registration date : 2008-04-07

Ispit Empty
PostSubject: Re: Ispit   Ispit EmptyFri Jun 11, 2010 9:32 pm

Јас не можев да најдам никаде за драмска ситуација и драмски текст: имаме нешто во белешките, а за Драмска ситуација има и во Поимникот (134-135 стр). Повеќе не знам. Инаку да - полагаме на 15-ти.
Back to top Go down
evelynglyn
Admin
evelynglyn


Female Number of posts : 374
Age : 36
Real name : shhh
Registration date : 2008-04-06

Ispit Empty
PostSubject: Re: Ispit   Ispit EmptyFri Jun 11, 2010 11:29 pm

Дополнително прашање: од колку часот на 15-ти? од 11:00?
И, ако може некој да ја искуца листата на теми што ни ги издиктира професорката на последниот час? Ветив дека јас ќе ги закачам на форумот, ама не можам да ги најдам... :Ѕ

Ви благодарам и се одјавувам Smile
Back to top Go down
http://streets-of-dublin.blogspot.com
Viktor Jovanoski




Number of posts : 319
Registration date : 2008-04-07

Ispit Empty
PostSubject: Re: Ispit   Ispit EmptySat Jun 12, 2010 12:22 am

Каква неодговорност, Јакимска! Јас мислам дека сега треба сите да ѝ се скараме на Јакимска. А јас знаев уште од поодамна дека ова ќе се случи: и кога го исполни своето 300-то ветување јас сè уште бев убеден дека еден ден ќе нè изневери.

1. Поимот толкување/интерпретација според теоретската концепција на Умберто Еко.
2. Теорија на гледна точка и теорија на читање/толкување.
3. Интерпретација на расказот „Четири средби“ од Х. Џејмс низ призма на теоријата на гледната точка и ликот од студијата „Уметноста на романот“ од Х. Џејмс.
4. Интерпретација на расказот „Вистинската личност“ од Х. Џејмс.
5. Теорија на ликот и раскажувачките ситуации според Ф. Штанцел
6. Теорија на драмскиот текст.
7. Теорија на драмската ситуација.
8. Интерпретација на „Така е - ако така ви се чини“ од Л. Пирандело.
9. Толкување на описот и теорија на описот.
10. Интерпретација на симболистичката поетика на Гистав Моро и „Тајна соба“ од Ален Роб-Грије.
11. Аспекти на естетиката на рецепција на Х. Р. Јаус.
12. Теорија на читањето според Волфганг Изер, Стенли Фиш и Умберто Еко според анализата во студијата „Демонот на теоријата“ од Антоан Компањон (одделните размислувања на В. Изер, С. Фиш и У. Еко може да се прочитаат во книгата „Херменевтика и поетика“).
13. Интерпретацијата на романот „Елизабет Костело“ од Џ. М. Кци низ призма на теоријата на интертекстуалноста.
14. Толкување на филмот „Амаркорд“ низ Бахтиновата карневализација.
15. Автор, имплицитен автор, имплицитен читател.

И - уште: да, од 11:00h е.
Back to top Go down
Aleksandar




Male Number of posts : 6
Registration date : 2009-02-08

Ispit Empty
PostSubject: Re: Ispit   Ispit EmptyThu Jun 17, 2010 8:35 am

Честитки за успехот на испитот по Теорија на рецепција...високите оценки се само стимул и предизвик, битно сте се забавувале на полагањето, а тоа е најубаво. АЛАЛ ДА ВИ Е...АЛАЛ ДА И’ Е НА проф.СРБИНОВСКА!
поздрав до сите
Александар В.
Back to top Go down
Sponsored content





Ispit Empty
PostSubject: Re: Ispit   Ispit Empty

Back to top Go down
 
Ispit
Back to top 
Page 1 of 1
 Similar topics
-
» Ispit
» ISPIT
» Ispit
» POETIKA ~ISPIT~ 9.06.'08
» Popraven ispit i kolokvium

Permissions in this forum:You cannot reply to topics in this forum
 :: III година :: Теорија на рецепција-
Jump to: