Would you like to react to this message? Create an account in a few clicks or log in to continue.

Општа и компаративна книжевност
 
HomeHome  PortalPortal  Latest imagesLatest images  SearchSearch  RegisterRegister  Log in  

 

 Raskoluvano znaenje

Go down 
AuthorMessage
Viktor Jovanoski




Number of posts : 319
Registration date : 2008-04-07

Raskoluvano znaenje Empty
PostSubject: Raskoluvano znaenje   Raskoluvano znaenje EmptyTue May 25, 2010 1:39 am

Контрапункт
и ТкХ

Објавуваат
отворен повик
За
учество во проектот
Расшколувано
знаење (o^o), 2010/2011.
Бесплатна

едногодишна програма за колективно самообразование во уметноста и културата
Контрапункт (Скопје) и ТкХ центар (Белград) објавуваат повик за учество во едногодишната програма за колективно самообразување во уметноста и културата – Расшколувано знаење.

Проектот е наменет за студентите по уметност, хуманистички и општествени науки, за професионалците и културните работници од Скопје и Белград, кои се заинтересирани за работа на независната културна сцена.

Целта на Расшколуваното знаење е да ги истражи и да ги промовира алтернативите на хиерархискиот модел на образование во уметноста и културата. Методолошки, проектот ги напушта концептите на индивидуалното творештво и експертиза, и заговара колективни самообразовни структури во кои се спроведува хоризонтална продукција, размена и дистрибуција на знаењето.

Расшколувано знаење е партнерски проект на ТкХ (Теорија која хода) платформата за теорија и практика на изведувачките уметности од Белград (http://tkh-generator.net) и НВО Контрапункт од Скопје (http://kontrapunkt-mk.org), а финансиски е поддржан од Швајцарската програма за култура за Западен Балкан.

Ко-авторки на проектот се Марта Поповода, Ана Вујановиќ и Искра Гешоска.

СТРУКТУРАТА НА ПРОГРАМАТА
:
Работни групи, активности, услови за учество

Работни групи
Процесот на колективното самообразување е структуриран низ работни групи, собрани околу одредени области/теми. Областите понудени за 2010/11 се:
• Културната политика на независните сцени
• Уметност и активизам; и
• Уметност и/како политика (реполитизација на дискурсот на хуманистичките науки)
Областите се дефинирани со намера преку проектот да обезбедиме простор за продукција и размена на знаења кои се дефицитарни на локалните независни сцени, а важни за нивното критичко промислување, афирмација и развој. Притоа водевме сметка да покриеме клучни нивоа на дејствување: културната политика/менаџмент, уметничката практика и теоријата на уметноста. Заинтересираните на конкурсот се пријавуваат за една од понудените области. Откако ќе се оформат работните групи, на учесниците им се оставено поспецифично да ја дефинираат темата/проблематиката на својата работа, како и да ги осмислат пристапите и методите за работа на неа, со теориска поддршка и помош на програмските уреднички и координаторите.

Работните групи имаат регионален карактер и вклучуваат 9 учесници од Белград и од Скопје (вкупно 18 учесници).

Активности
Учесниците во циклусот 2010/2011 ќе поминат низ следниве активности:
Отворена недела
– кратка програма на работилници, предавања, презентации и средби со учесниците од првата и втората генерација на Расшколувано знаење. Отворената недела ќе биде во Скопје, 08-11 јуни 2010 година. Покрај програмата со локални и со интернационални гости, учесниците од првата
генерација за време на Отворената недела ќе организираат јавни презентации на својата работа и со соработничките проекти/дела.

Летна школа
интензивна еднонеделна образовна програма. Содржината на програмата, како и листата на соработници кои гостуваат заедно ќе ја креираат уредничките на проектот и учесниците на работните групи. Форматите на работа на Летната школа исто така се предмет на договор. Летната школа ќе биде во Црна Гора, во август 2010 година
.
Инкубатор
шестмесечен истражувачки процес на работните групи. Планот, програмата и динамиката на работата ќе ја осмислуваат самите учесници. Во формална смисла, Инкубаторот вклучува: континуиран самообразовен процес на работните групи, на состаноците во живо, преку е-маил листа, скајп, видео-линк, како и креирање програми за соработниците што ќе гостуваат.
Инкубаторот трае од септември 2010 до февруари 2011.

Timeshare камп
– програмско-организациска структура која нуди сместување, продукција и просторно-технички услови за заедничка работа на групата во периодот март-април 2011, во Белград и во Скопје. Timeshare кампот следи по истражувањето на Инкубаторот, како рамка за реализација за заедничките културни иницијативи или работа. (Тоа може да биде инсталација, видео дело, тркалезна маса, перформанс, веб сајт, публикација и сл.)


УСЛОВИ ЗА УЧЕСТВО
Учеството во програмата на Расшколуваното знаење во целост е бесплатно. Покрај тоа, на учесниците им се обезбедени: материјални услови за истражување и работа (простор,
техничка опрема, литература и сл.), покриени се трошоците за патување и сместување за сите програми на нивните работни групи кои се реализираат во другиот град (Отворена недела, Летна школа, програмите за време на Инкубаторот, Timeshare камп), и обезбедени продукциско-технички услови за изработка на колективното дело (скромен буџет, простор, техника,
организација). За возврат се очекува волја за дејствување на независната сцена, активно
учество во програмските активности, почитување на колегите, отвореност за проблематизацијата и одговорност за колективниот самообразовен процес.


Какви било дискриминации врз етничка, полова, сексуална, религиозна, старосна и друга основа во рамки на Расшколуваното знаење не се прифатливи.

КАКО ДА СЕ ПРИЈАВИТЕ

Ве молиме пријавата, која се состои од:
- наративна биографија, со лични податоци и контакт (до 500 зборови)
- еден пример од ваше дело (во кој било медиум), и
- писмо за мотивација, со назнака
за областа за која се пријавувате (до една страница)

да ги испратите на: dsc@tkh-generator.net
Рок за пријавување: 27 мај 2010 година
Жири: Ана Вујановиќ (програмска уредничка на проектот, Белград), Искра Гешоска (програмска уредничка на проектот, Скопје), Милена Богавац (учесничка на првата генерација на
Расшколувано знаење, програмска координаторка за вториот циклус, Белград), Ѓорѓе Јовановиќ (учесник на првата генерација на Расшколувано знаење, Скопје) и Владимир Јериќ (учесник на првата генерација на Расшколувано знаење, Белград).


Одлуката и образложението на одлуката ќе бидат објавени на 1 јуни 2010 на веб страницата www.deschoolingclassroom.tkh-generator.net.

ЗА ПОДЕТАЛНИ ИНФОРМАЦИИ
Дополнителни информации за проектот можете да добиете на www.deschoolingclassroom.tkh-generator.net или контактирајте нè на dsc@tkh-generator.net.

За време на целиот период на траење на конкурсот, канцелариите на ТкХ и Контрапункт ќе бидат отворени за сите ваши прашања и консултации, во петок од 15-19 ч. (ТкХ) и
понеделник од 10-16 ч. (Контрапункт).
Back to top Go down
 
Raskoluvano znaenje
Back to top 
Page 1 of 1

Permissions in this forum:You cannot reply to topics in this forum
 :: Разно :: Случувања-
Jump to: