Would you like to react to this message? Create an account in a few clicks or log in to continue.

Општа и компаративна книжевност
 
HomeHome  PortalPortal  Latest imagesLatest images  SearchSearch  RegisterRegister  Log in  

 

 za kolokvium II

Go down 
3 posters
AuthorMessage
evelynglyn
Admin
evelynglyn


Female Number of posts : 374
Age : 36
Real name : shhh
Registration date : 2008-04-06

za kolokvium II Empty
PostSubject: za kolokvium II   za kolokvium II EmptySat Dec 25, 2010 4:52 pm

Ве молам некој нека ги напише авторите и делата што ќе ни требаат за колоквиумот во вторник...
Back to top Go down
http://streets-of-dublin.blogspot.com
Viktor Jovanoski




Number of posts : 319
Registration date : 2008-04-07

za kolokvium II Empty
PostSubject: Re: za kolokvium II   za kolokvium II EmptySun Dec 26, 2010 1:05 am

Јакимска, ми се чини дека она што е наведено подолу ќе ти биде доволно:


  1. Т. С. Елиот - Љубовната песна на Џ. Алфред Пруфрок и некои од теориските постановки (Бисера има еден убав текст на српски за второво: веројатно го има досега и доставено; јас ќе се обидам накратко утре да ги напишам основите; всушност, кога е во прашање Елиот, на интернет има и премногу податоци за повеќето нешта околу него);
  2. Дада - Поимник и некои материјали и песни кои ги имаме;
  3. Аполинер - Некои песни (од Златна книга на француската Поезија или од збирката Скитникот) манифестот;
  4. Надреализам - Поимник и Предговорот кон Големата авантура на надреализмот (заедно со песните во истата книга)

И толку: четири теми.
Back to top Go down
evelynglyn
Admin
evelynglyn


Female Number of posts : 374
Age : 36
Real name : shhh
Registration date : 2008-04-06

za kolokvium II Empty
PostSubject: Re: za kolokvium II   za kolokvium II EmptySun Dec 26, 2010 12:02 pm

Фала, Јованоски!
Сега сум лоцирана во време и простор, добро е =)
Back to top Go down
http://streets-of-dublin.blogspot.com
bojana

bojana


Female Number of posts : 44
Age : 37
Real name : Bojana
Registration date : 2008-04-07

za kolokvium II Empty
PostSubject: Re: za kolokvium II   za kolokvium II EmptySun Dec 26, 2010 2:29 pm

Мислам дека само фали Бретон - Надја[i]
Back to top Go down
Viktor Jovanoski




Number of posts : 319
Registration date : 2008-04-07

za kolokvium II Empty
PostSubject: Re: za kolokvium II   za kolokvium II EmptyMon Dec 27, 2010 2:38 am

Како што веќе реков, еден краток преглед на Елиотовите теориски постановки (во заграда се есеите каде ги изложува најексплицитно претходно наведените идеи):

  • Традиција / Деперсонализација (Традицијата и индивидуалниот талент): Ова е рамковната теза од која, ми се чини, може да се изведат сите наредни. Елиот постојано го разработува односот меѓу индивидуалниот автор и традицијата што му претходи, за во погоре наведениот есеј (пишуван, всушност, доста рано) да заклучи дека „развојот на Уметникот е чин на непрекинато само-жртвување, непрекинато изумирање на личноста“ и дека „не само најдобрите, туку и најиндивидуалните места во делото на еден автор се веројатно оние во кои мртвите Поети - неговите предци - најснажно ја потврдуваат својата бесмртност“; се работи, всушност, за идејата дека Поезијата не треба да биде „спонтан излив на моќни чувства“ (како што ја дефинира Вордсворт и Романтичарите), туку, напротив, треба да биде лишена од експлицитно изразување на чувствата (види подолу: Објективен корелат), како и од самото битие на Јас-Поетот. По однос на ова, Елиот дава една многу интересна слика за Поетот како катализатор во хемиска реакција: без платината, вели тој, кислородот и сулфурдиоксидот не би можеле да реагираат, но во конечниот продукт - сулфурна киселина - нема ниту трага од платината. „Поетовиот дух е парче платина“, заклучува Елиот: тој може да комбинира искуства и чувства (кои не мора да бидат исклучиво негови), но, на крајот, од него не треба да остане ништо во конечниот продукт: песната. Поезијата треба да се прозаизира (во смисла, прозата да биде коректив на претераната лиричност) и да се драматизира (во смисла, да се изведе во песната некој друг што веднаш ќе го оддели текстот од самиот емпириски автор [затоа имаме наслов Љубовната песна на Џ. Алфред Пруфрок, и покрај тоа што многумина имаат забележано сличности меѓу Пруфрок и Елиот])
  • Дисоцијација на сензибилитет (Метафизички Поети): како и повеќето други нешта - веќе реков - се надоврзува на погоре напишаното. Во Традицијата и индивидуалниот талент, Елиот вели дека Поетот треба да бега од чувства, а овде како да дообјаснува што мисли под тоа - тој треба да бега од сочувства, затоа што за разлика од чувствата (т.е. емоциите), овие се манипулативни. Сензибилитетот е комбинација од емоции, симпатии и разум - Романтичарите, според Елиот, го дисоцирале: сосема се одвоиле од разумот и се концентрирале на (со)чувствата. Ова не е случај со Метафизичките Поети (Џон Дан), кои, според Томас Стернс, треба да бидат насока за тоа како треба да се пишува Поезија.
  • Објективен корелат (Хамлет и неговите проблеми): Во наведениот есеј, Елиот ја дефинира оваа синтагма како „група предмети, извесна ситуација, низ на настани, кои би претставувале формула на таа одредена емоција, така што - кога ќе се дадат надворешните фактори кои мораат да завршат со сетилно искуство - емоцијата непосредно да биде евоцирана“. Во превод - „она што предизвикува една емоција, не мора во себе да ја содржи таа емоција“: наместо да каже Поетот дека е тажен, тој ќе создаде слика, атмосфера, ситуација која во читателот ќе предизвика тага. Поетот станува научник: тој треба да ги напише равенките на човековите чувства.
  • Форма (Блејк): Елиот го фали Џојс за неговиот избор на Одисеја како рамковна приказна за неговиот Улис. Причината: на еден таков начин, книжевното - се воскрева до општочовечкото. За Елиот, вели Јован Христиќ, „најеминентниот критички идеал е онаа песна која го стекнува своето единство од еден систем кој едновремено му дава единство и на целиот свет“. Токму поради ова Елиот го фали Данте, а го критикува Блејк и Шекпсир - Дантеовиот систем е важечки и вон Божествената комедија, а Блејк има создадено систем кој е важечки само во неговото дело. Шекспир и нема некој систем.
  • Разбирање vs. Објаснување (Граници на критиката): Идејата е дека едно е да се разбере една песна, а сосема друго да се објасни - првото упатува на задачата на критиката (кога и да читаме критика, вели Елиот, треба „да се запрашаме - дали ова ми помага да ја разберам оваа песна“), а второто на процесот на создавање на еден текст (детектирање на сите извори, референци...). Елиот го критикува второво, заради тоа што смета дека една песна е секогаш продукт на релациите поставени меѓу референците и таа функционира во нов контекст - не може да се објасни со она што го интегрирала од минатото.

Се надевам дека донекаде ќе ви бидат од помош овие прибелешки. Инаку - по однос на претходната порака од Бојана - не сум сосема сигурен дека Надја ни е обврзна. Како и да е, убаво е да се прочита.

Добра ноќ на сите.
Back to top Go down
Sponsored content





za kolokvium II Empty
PostSubject: Re: za kolokvium II   za kolokvium II Empty

Back to top Go down
 
za kolokvium II
Back to top 
Page 1 of 1
 Similar topics
-
» Kolokvium
» Za kolokvium
» Kolokvium
» Kolokvium
» Za kolokvium

Permissions in this forum:You cannot reply to topics in this forum
 :: IV година :: Модернизам-
Jump to: