Драги споредувачи,
Конечно некаква информација околу античките трагедии кои ќе се играат во Стоби, а кои ги очекувавме од почетокот на вториот семестар од часојте по Хеленска. Имено Фиданка откако се отепала за да дојт до било каква информација, дознала дека фестивалот ќе се одржи од 24-30 јули. Податоци како време на одржување и пред се програма, од непознати причини се недостапни. Како и да е битно го имаме датумот, па ќе се собериме и шо знам јас, ќе ојме.
Читам дека форумов летово е ретко посетуван. Ако некој го посетит и е заинтересиран пишите овде па ќе се договориме. Мое мислење е дека периодов не е баш најпогоден, затоа што имат настани на сите страни. Охридско лето нуди примамливи случувања, почнувајќи од гостувањето на Теодосиј Спасов на Антички театар се до Калигула од Ками таму кон крајот на август. Инаку и по другиве градови имат културни лета (на пример Баклава ќе свирит битола на плоштад денојве) , покрај тоа Скопско културно, Прилепско културно, не знам Велешко културно лето.
Сепак фестивал на античка трагедија е нешто посебно и не би требало да го пропуштиме.
ај. ако прочитате. ако сакате да ојме