Студентите од Драмски во четвртокот беа на посета кај нас на Филолошки и не` поканија кај нив на претстава, секој петок од 20 часот.
Концептот е истиот од лани, студентите ги пробуваат претставите што ги подготвуваат на импровизирана сцена (т.н Академска сцена) во рамки на факултетот, а слободно место во публиката има за секој што сака да дојде и да гледа (освен ако не е некоја многу позната претстава, тогаш оди со резервации).
Луѓето оставија мејл, рекоа сите што сакаат да ги гледаат студентските претстави да им пишат на fdu.akademskascena@gmail.com за да бидат ставени на нивната мејлинг листа и редовно да ја добиваат програмата за која претстава кога ќе се пробува. Или, за резервација на седишта, ако има ептен интерес за нешто.
Повеќе инфо имаат на мајспејс страната myspace.com/akademskascena.