До последниот колоквиум, а со тоа и до крајот на оваа учебна година, ќе одржиме уште два блока предавања по хеленска книжевност.
Часовите кои не ги одржавме во последниот четврток пред празничниот распуст ќе ги обработиме следниот петок во стариот термин за Хеленска, од 9:40 (во Хесп), со тоа што предавањето ќе трае подолго од 11:15, колку што траеше во првиот семестар.
За најдобро да го искористиме времето и за да бидеме однапред подготвени за часовите, професорот денес ни најави што точно ќе обработуваме:
15 мај четврток: Еврипид:
Медеја и
Хиполит16 мај, петок: Аристофан:
Жаби (и во вториот час може ќе се осврнеме и на некои фрагменти од лириката; се` уште немаме материјали).
Термините се стандардните, од 14:40 (после часот по македонски) до 18:00.
Драмите ги имаме меѓу нас,
Жаби и
Медеја мислам дека и сега се оставени во фотокопирница, до понеделник можат да се земаат копии.
Ако некој е заинтересиран за семинарски, се` уште има шанса да се одлучи за тема и да ја обработи во договор со професорот. Домашни работи и есеи исто така се добредојдени
Резултатите од минатиот колоквиум уште не се истакнати и професорот рече дека ќе ги добиеме следниот четврток, на 15-ти. (По)следниот колоквиум по Хеленска, според тоа што беше најавено уште во април, би требало да се случи на 21-ви мај.