Не знам дали е до мене, но оваа година уплатниците ми личат како да се‘ повеќе и се‘ побесцелни.
Поставив 2-3 прашања до ЕКТС службата:
Дали е обврзно да се плати ИКСА на УКИМ?
Во документите исто така има уплатница за Студентски парламент на филозофски факултет, претпоставувам по грешка, бидејќи сум на студент на Филолошки факултет, дали има нешто такво за Филолошки факултет што би требало да се уплати?
Плус, зошто е потврдата за уплатени 300 денари за испити од семестар? Или и ова важи само за Филозофски факултет?
...останува да почекам одговори кои веднаш ќе ги објавам. Дотогаш, мислам дека е подобро да почекаме пред да се запишеме.
ИКСА на УКИМ, односно Информатички, културни и спортски активности е нелогично да се плати на овој факултет. Нека ме поправи некој, но колку што јас помнам, ништо од тоа не сме имале. За филозофски прашањето, мислам дека е очигледно зошто го поставив. Можеби само во моите документи се појавило тоа, но за секој случај, подобро е да се праша. И навистина, ама навистина, не ми е јасно што е со уплатницата од 300 денари за испити од семестар.
Ако некој има инфорации, нека пише. Искрено, мислам дека доволно не‘ крадеа досега, со електронските индекси, оние уплатници кои требаше да ни обезбедат бесплатни копии, СПУКИМ, казните кои се двојно покачени и којзнае уште што, за и со вакви бесмислици да не‘ заморуваат.
Мејлот до ЕКТС службата е: ekts.sluzba@gmail.com
Поздрав,
Јуле.
П.С. Hunnuh, слободно премести го топиков во Инфо табла.