Поради слабата посетеност на горенаведниот час, само накратко да пренесам дека денес се осврнавме на општите одлики на Овидиевата поетика и накратко ја видовме неговата биографија, по што се посветивме на читање на неколку извадоци од Метаморфози (истите ќе ги донесам во понеделник). Професорот рече дека на вториот колоквиум ќе има само едно прашање за Овидиј и истото ќе биде нешто општо за самата структура на Метаморфози, па оттука ќе ги донесам и белешките што ги набележував на часот. За следниот час треба да се прочитаат првите шест пеења од Ајнеида.