На последниот час Римска - 11.12.2008 - ја доработувавме Ајнеида, при што најмногу се задржавме на четвртото и шестото пеење. Втората половина (VII-XII пеење) во главно ја работевме врз план на филијација на ликовите: врз кои Хомерови ликови се базираат оние што се јавуваат кај Вергилиј.
За следниот час - 12.12.2008 - треба да се прочитаат песните на Катул. Македонскиот препев ќе го носам во понеделник за оние што сакаат да го фотокопираат. Оние што имаат намера да читаат викендов, можат да ги најдат сите кармени на Катул препеани на многу светски јазици овде.