Следната недела (17 - 22. 11.) е закажана да биде колоквиумска недела, а за нашата група ги имаме најавено овие два колоквиуми:
Теорија на книжевни дискурси: 18. 11. (вторник) Начелно околу 9 часот негде. Професорката рече дека ќе се консултира со Марија и накнадно ќе не` извести преку Виктор за точниот термин).
Римска книжевност: 20. 11. (четврток), од 10:00 ч.
За останатите курсови ќе имаме колоквиуми во неделите што доаѓаат после.
За Антропологија и книжевност нема да имаме колоквиуми, ќе се вреднуваат поединечните усни излагања.