Viktor Jovanoski
Number of posts : 319 Registration date : 2008-04-07
| Subject: Kolokvium Sat Apr 25, 2009 11:37 pm | |
| За оние кои не беа на последниот час - а и за оние кои беа но не успеаја да запишат - ова се темите кои професорката Vелева ги издвои за престојниот колоквиум:
- Прашални реченици (161-164)
- Негации и видови негација (165-170)
- Безлични реченици: видови (173-176)
- Дијатеза/емпатија: само претворање на активни во пасивни реченици и обратно (179-182).
- Подмет и видови подмет (184-185)
- Прирок: прост, сложен и аналитички (186-190)
- Директен и индиректен објект: видови (201-206)
- Удвоување: кога се удвојува, а кога не (206-215)
- Прилошка определба и предлошки објект (216-219)
- Видови атрибут (219-222)
Како што веројатно ќе забележите, броевите на страниците некогаш опфаќаат повеќе отколку што се бара во прашањето, но малку сум уморен и не сум во можност попрецизно да ги подвојам релевнатните од ирелевантните нешта. Од друга страна, се што се бара го имаме во материјалите што ни ги подготви професорката, па, страниците од учебникот може да ги сметате и за формалност. | |
|
jasminART
Number of posts : 20 Age : 35 Real name : Jasmina Runevska Registration date : 2008-04-07
| Subject: Re: Kolokvium Tue May 19, 2009 12:11 pm | |
| А за последниот колоквиум?Знае ли некој од каде до каде треба во учебникот-нешто овој пат сум расположена да учам од учебник | |
|
Viktor Jovanoski
Number of posts : 319 Registration date : 2008-04-07
| Subject: Re: Kolokvium Tue May 19, 2009 9:45 pm | |
| Може да се учи или од белешките на професорката, или од учебникот од 233 до 293 страница. Морам да забележам дека и во едниот и во другиот случај - не е сосема лесно. | |
|
Viktor Jovanoski
Number of posts : 319 Registration date : 2008-04-07
| Subject: Re: Kolokvium Tue May 26, 2009 1:32 am | |
| За оние што не беа на последниот час, последниот колоквиум по Современ македонски јазик ќе го има следниов изглед:
- На местото на глаголските именки употребете лични глаголски форми за да оформите сложени реченици;
- Употребете ги соодветните сврзници;
- Составете сложена реченица од прости реченици;
- Определете на кој тип сложена реченица припаѓаат речениците и кажете ја нивната логичка врска (пр: „Ако врне ќе земам чадор“: условни + реален услов);
- Дополнете ги наведените сложени реченици;
- Потцртајте ги сложените реченици во текстот и определете какви се според структурата и значењата.
Не знам точно по колку бодови ќе носи секоја од вежбите, но прилично сум сигурен дека четвртата носи седум и е нај-бодоносна. | |
|
Jule
Number of posts : 198 Age : 34 Registration date : 2008-04-08
| Subject: Re: Kolokvium Wed May 27, 2009 3:37 am | |
| Во доцниве часови не сакајќи налетав на блогот на професорката Велева и видов дека се објавени резултатите од првиот колоквиум. Voilà
... добри се, добри се... | |
|